Најголемата SD картичка во светот од 512 GB ќе складира 4K видео

По една декада откако беше претставена првата SD картичка од 512 мегабајти, SanDisk претстави нова картичка која може да складира 512 гигабајти содржина. SD картичките е популарна флеш меморија која се користи од фотоапаратите, камерите и телефоните, а новата картичка со огромен простор ќе биде наменета пред се за високо-квалитетното 4K видео. Минута на 4K видео – видео со резолуција од 4.000 пиксели – зазема околу 5GB простор. Во картичката која ќе чини околу 800 долари, ќе може да се складира 30 часа стандардно HD видео.

„4К Ultra HD е пример за технологија која не мотивира да креираме нови решенија за складишта кои можат да чуваат масивни фајлови“, вели Динеш Бахал од SanDisk за BBC.

Според г. Бахал, SD картичките во иднина ќе можат да собираат до 2 терабајти, или 2.000 GB простор, што би требало да биде доволно и за 5K видеата кои се најавувани.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии