Најголемата инвестиција на Apple е во соларната енергија; Google инвестира во ветрот

Apple, но и Google се насочуваат кон обновливите извори на енергија. Apple ќе инвестира 850 милиони долари соларна електрана во Калифорнија, a Google инвестира во електрична енергија од ветерните фарми на NextEra Energy.

Постројката за соларна електрична енергија Apple ќе ја гради на 5,2 квадратни километри во Калифорнија, која ќе генерира електрична енергија што би можеле да се снабдуваат 60.000 домаќинства или 280 MW. Сепак наместо ова компанијата ќе ја користи енергијата за напојување на сопствените капацитети во Калифорнија.

„Го правиме ова не само бидејќи е вистински чекор, туку истовремено е и добар финансиски чекор. Очекуваме значителни заштеди, бидејќи ќе имаме фиксни цени за обновливата енергија, а разликата помеѓу цената на оваа и цената на енергијата од изворите кои загадуваад е значителна“, вели Тим Кук. „Во Apple знаеме дека опасноста од климатските промени е вистинска“.

Планот на Google пак е своевидна инвестиција во ветерните фарми на NextEra Energy, бидејќи компанијата ќе ги замени 24-те ветрогенератори на фармата со поголеми кои ќе произведуваат два пати повеќе енергија. До 2016 година половина од енергијата или 43 MW ќе биде користена за кампусот на Google во Маунтан Вју. „Сметаме дека овој проект е посебно кул бидејќи во 1980 година ридовите околу Алтамонт Пас беа едни од првите за тестирање на енергијата од ветрот во САД“, вели Дејвид Радклиф од Google.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии