Најголемата индиска компанија за корисничка поддршка е обвинета за измама

Image courtesy of iYogi

Индиската компанија iYogi со застрашување и измама ја зголемува својата продажба, вели обвинението пред судот во Вашингтон. Компанијата дополнително лажела дека има врски со Microsoft, Apple и Hewlett-Packard. iYogi е една од најголемите независни компании за техничка поддршка.

Она за што е обвинета компанијатa е дека вработените во iYogi преземаат контрола врз компјутерите на корисниците и им презентираат предупредувања дека мора да поправат проблеми од вируси. Дополнително компанијата праќа пораки кои велат дека корисникот треба да го преземе софтверот за дијагностика на iYogi. Од iYogi ги отфрлаат обвиненијата. „Иако досега не сме добиле жалби по формален канал, сакаме да објасниме дека сите обвинувања кои ги гледаме по медиумите се лажни и без основа“, вели Висшал Дран, ко-основач на iYogi, за ВВС. Според американскиот закон за заштита на корисниците, индиската компанија би можела да биде казнета со 2.000 долари за секоја злоупотреба, и според Статутот за заштита од „spyware“ до 100.000 долари.

Од останатите споменати компании, досега единствено се јави Microsoft кој вели дека најмногу поплаки од корисниците добиваат за iYogi, дека компанијата не им помага на корисниците, туку само им ги зема парите, пренесува Seattle Times.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии