Наједноставниот тест за интернет брзина доаѓа од Netflix

Netflix претстави нов и наједноставен „speed test“ досега. Tреба само да го отворите Fast.com, и да ја видите вашата интернет брзина. Сервисот е интересна алатка која одлично се користи на мобилен телефон, и без сомневање е еден вид провокација на Netflix кон провајдерите кои ја ограничуваат брзината на нивните видеа. Во оваа насока е и советот до корисниците кои е прикажан на веб-страницата. „Доколку резултатите од Fast.vom и останатите сервиси за проверка на брзината не се исти со она што ви го ветуваат, контактирајте го вашиот интернет провајдер“.

Сепак со оглед на тоа дека квалитетот на Интернет е посложен од ова, сервисот доаѓа со линк до speedtest.net, каде може да проверите повеќе детали како брзина на преземање од различни сервери на различни локации, латенцијата или доцнењето.

fastcom

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии