Наједноставниот тест за брзината на интернет, Fast, отсега е достапен и на iOS и Android

Наједноставниот тест за брзина на интернет, Fast од Netflix, е одличен ако сте на десктоп. Досега корисниците од мобилните платформи мораа да ја користат веб-апликацијата. Но не за долго, Netflix претстави мобилна верзија на Fast, и тоа за iOS и Android.

Ова значи дека корисниците сега треба единствено да ја отворат апликацијата, и веднаш ќе може да ја проверат својата брзина. Ова ќе овозможи поедноставно користење на тестот од телефони.

Image 604

Netflix се надева дека повеќе корисници ќе го користат тестот, и ќе ги притиснат операторите да ги подобрат своите услуги. Постоењето на повеќе тестови е важно, бидејќи операторите го забрзуваат сообраќајот до страниците за тест на брзината на стримот.

Fast ја тестира брзината до серверите на Netflix. Ова и треба да биде гаранција, дека сервисот не е причина за проблемите со стримањето видео содржина.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии