Најдобрите телефони за 2018

Да бидеме искрени оваа листа можеше да биде готова некаде во октомври, и барем во ноември. Сепак и оваа година видовме неверојатно уреди. Ако минатата година фокусот беше на проширената реалност оваа очекувавме позрела примена на технологијата, но ова за жал не се случи. Дел од производителите има подобра интеграција, но оваа година фокусот е на вештачката интелигенција.

Еве дел од најдобрите телефони кои ги видовме оваа година. Редоследот во листата е по случаен избор, и без сомневање ќе заборавиме некои од најдобрите телефони.

Xiaomi Pocophone F1

Новиот телефон од Xiaomi е веројатно најдобриот уред за парите. За малку над 300 долари корисниците можат да добијат хардвер кој се користи во телефони  од 1000 долари.

Дел од хардверот е: Qualcomm Snapdragon 845 и Adreno 630 графички процесор; 6GB RAM и 128 GB флеш диск или 8 GB RAM и 256 GB диск; и 4000mAh батерија. Камерата е еден од елементите на кои малку се штедело но сепак е дуал 12 MP, f/1.9, 1/2.55″, 1.4µm, dual pixel PDAF 5 MP, f/2.0, 1.12µm. „Селфи“ камерата е 20 MP, f/2.0, 0.9µm.

Уредот доаѓа со Android 8.1 и се надградува на Android 9.0.

iPhone XR

Нема голема разлика помеѓу новите модели на телефони од Apple. XR  најевтиниот модел од оваа генерација, а доаѓа со истите функционалности како и XS и XS Max.

Разликите се кај екранот и кај камерата, но разликата во цената не е доволно да ги оправда. Што се однесува до остатокот како и поскапите уреди од X серијата и XR доаѓа со Apple A12 Bionic процесор и графички процесор од Apple. Процесорот во новиот iPhone е помоќен од добар дел од процесорите кои се достапни во лаптпоп комјутерите. iPhone XR доаѓа во повеќе бои од другите модели. Доаѓа со IP 67 заштита. Телефонот доаѓа со 6.1-инчен LCD дисплеј кој Apple го нарече Liquid Retina.

Секако ниту еден, па ни овој iPhone не е евтин, иако во споредба си другите два ќе плaтите барем 250 долари помалку.

Samsung Galaxy Note 9

Ако процесорот на Аpple е помоќен од најголем дел од процесорите во лаптопите, Samsung со овој телефон се обиде да креира еден уред за сè, фокусот на Note 9 е на продуктивноста и е  интересен обид да се креира телефон кој за некои работи ќе може да замени и компјутер.

Основниот модел доаѓа со 6GB RAM и 128 GB флеш диск, за цена од 1000 долари. Најдобриот модел чини 1250 долари и доаѓа со 8 GB RAM и 512 GB диск. Ако ова не е доволно со microSD картичка меморијата може да се прошири до 1 TB Како и Galaxy S9 и овој доаѓа со Snapdragon 845 или Samsung Exynos, но Samsung направи прилагодување на графичкиот процесор.

Google Pixel 3

Дури и да не беше импресивниот хардвер Pixel секогаш е еден од најимпресивните уреди. Главна причина за ова е „stock“ верзијата на Android навремената надградба на оперативниот систем и целосна посветеност на прилагодување на хардверот кон софтверот.

Двата уреди кои Google ги претстави оваа година доаѓаат со Snapdragon 845; 4GB RAM; 64GB простор и можност за 128GB на поскап модел. Но, Google го додаде Titan M процесорот за безбедност. Задолжен е за речиси сè, од логирање, до криптирање на податоците, комуникација со апликации и безбедност за Android. Titan M треба да обезбеди поголема приватност и безбедност за сопствениците. Главната камера останува единечна, но софтверот на Google прави чуда со неа. Предната камера е сега дуал, и ова треба да овозможи слики со поширок агол.

Помалиот Pixel 3 доаѓа со 5,5-инчен 2160×1080 OLED екран, а поголемиот со 6,3-инчен 2880×1440 OLED екран. Батеријата на помалиот телефон е 2,915 mAh, а на 3XL е нешто поголема. Уредите доаѓаат со заштита IP68 или уредот е заштитен од навлегување на прашина и може да биде потопен во вода подлабока од 1 метар. За жал жртвата на оваа непропустливост се приклучокот за слушалки и просторот за microSD кои не се достапни на телефоните.

LG V40 THINQ

Кога се во прашање „flagship“-моделите на телефони речиси и да нема разлика во хардверот. Сите телефони на листата го имаат истиот процесор, RAM, флеш диск. Секако нема разлика ниту овде.

И овој уред доаѓа со Snapdragon 845 процесор; 6GB RAM; 64 или 128 GB диск и простор за microSD за повеќе место.

Она што го разликува V40 е тројната предна камера. Уредот има:

  • 2 MP, 27mm (стандардна) f/1.5, 1/2.6″,1.4 µm, 3-axis OIS, dual pixel PDAF
  • 12 MP, 52mm (телефото), f/2.4, 1.0µm, 2x optical zoom, OIS, PDAF
    16 MP, 16mm (ултра-широкоаголна), f/1.9, 1/3.1″, 1.0µm, no AF

Дури и селфи камерата на телефонот е дуал со 8 MP, 26mm (standard), f/1.9, 1.4µm и 5 MP, 21mm (wide), f/2.2, 1.4µm.

Камерата на LG V40 ThinQ е 3300 mAh.

Huawei Mate 20 Pro

Huawei Mate 20 Pro за малку ќе беше првиот со 7 nm процесор сепак неколку недели ред него започна продажбата на iPhone XS. Телефонот доаѓа со Kirin 980 процесор; 256 GB внатрешна меморија, 8 GB RAM или 128 GB внатрешна меморија, 6 GB RAM.

Доаѓа со тројна камера со карактеристичен распоред на задната страна. Сензорите се: 40 MP, f/1.8, 27mm (широкоаголен), 1/1.7″, PDAF/Laser AF 20 MP, f/2.2, 16mm (ултра широк), 1/2.7″, PDAF/Laser AF и 8 MP, f/2.4, 80mm (телефото), 1/4″, 5x оптички зум, OIS, PDAF/Laser AF.

Батеријата е 4200 mAh. Телефонот кој во продажба е достапен од ноември и е последно излезен на оваа кратка листа.


Кој според вас е најдобриот телефон 2018? Дали го заборавивме на листата?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии