Најдобрите телефони на IFA 2017

Дејан Соколоски

во feature, Мобилни

Саемот во Берлин, IFA 2017 е во полн ек. Досега се претставени најголемиот дел од уредите. Фокусот оваа година е на проширената реалност и на преносните уреди, но тоа не значи дека не беа претставени и квалитетни телефони.

Moto X4

Motorola го претстави новиот X модел, Moto X4. Како и досега X се телефони од средната класа.

Телефонот доаѓа со 5.2-инчен 1080р, 424 PPI дисплеј. Хардверот е она што го очекувате од телефон од средната класа: процесорот е Snapdragon 630; модел со 3 и 4 GB РАМ; избор на слобoден простор помеѓу 32 и 64 GB. Moto 4X доаѓа со дуал-ленс главна камера и 16 MP предна камера. Сопствениците ќе можат да одберат помеѓу 12 MP при стандардна фотографија и 8 MP при сликање со широк објектив. Батеријата од 3.000 mAh треба да овозможи барем еден ден пауза помеѓу полнењето.

Image courtesy of Motorola

Во продажба телефонот ќе излезе со Android 7, а компанијата најавува надградба на Android 8 најбрзо што е можно. Специфично е присуството на гласовниот асистент на Amazon, Alexa, кој доаѓа заедно со Google Assistant.

Телефонот ќе биде достапен од септември. Цената на телефоните е 400 евра за 32 GB модел и 440 евра за моделот со 64 GB.

LG V30

LG на IFA 2017 го претстави LG V30. Компаниајта ќе се обиде со телефон кој има импресивни перформанси при снимање на видео да ги привлече купувачите.

LG V30 доаѓа со 6-инчен QuadHD дисплеј со резолуција 2,880 х 1.440 и 538 PPI. Очекувано за уред од висока класа, телефонот доаѓа со Snapdragon 835 процесор. Телефонот доаѓа со 4 GB DDR4 RAM, а компанијата претстави два модели; V30 со 64 GB слободен простор и V30+ со 128 GB слободен простор. Телефонот доаѓа со дуал задна камера 16MP стандарден агол (F1.6 / 71°) и 13MP широк агол (F1.9/ 120°); предната камера е 5МР. Капацитетот на батеријата на LG V30 е 3.300 mAh.

Телефонот ќе доаѓа со Android 7.1.2 оперативен систем. Лоша вест е што компанијaта не објави кога ќе биде надграден на Android 8.0, иако беа споменати 6 месеци.

Засега нема податоци за цената на VG30, ниту за преиод кога ќе пристигне, но може да го очекуваме оваа есен.

Sony Xperia XZ1

Sony го претстави Xperia XZ1  и XZ1 Compact. XZ1 доаѓа со 5.2  инчен 1080p дисплеј. Compact верзијата е помала и доаѓа со екран од 4.6-инчи и 720p резолуција.

Двата телфони имаат речиси идентични спецификации. Телефоните доаѓаат со Qualcomm Snapdragon 835 процесор; 4GB RAM и 64 GB слободен простор. Задната камера е 19 MP, предната 13 MP. Батеријата е со капацитет 2.700 mAh.

Најверојатно најдобрата вест за заинтересираните купувачи е дека новиот телефон ќе доаѓа со Android O. А, најинтересна дополнителна функционалност е можноста за 3Д-скенирање. Корисникот може да заврти околу моделот, и потоа ќе добие 3д-слика која може да се исприната на 3д-печатач.

Tелефонот ќе биде достапен од овој месец, но засега нема податоци за центата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии