Најдобрите шеги од 1 април

Вообичаено секоја година на денот на шегата техничките компании имаат супер креативни начини да нѐ измамат. Вообичаено неколку компании предводат на овие листи, иако секако има и смешни изненадувања:

Еве дел од овогодинешните првоаприлски шеги:

Google Maps – Пронајди го Валдо

Оваа година Google и Google Maps на мапата вметнаа „Пронајди го Валдо“. Станува збор за најава која помалку потсетува на Pokemon мапите, кои сепак остануваат можеби најдобрата првоаприлска шега.

Razer: Razer Project Venom v2

Гејминг уредите од Razer се толку добри што за да имате подобри перформанси мора да ја подобрите сопствената брзина и рефлекси. Razer го претстави Project Venom v2 инекција нанороботи која ги подобрува рефлексите.

Nvidia: Geforce Academy of Gaming

Nvidia објави дека наскоро започнуваат со првата гејминг академија.  Компанијата најави неколку отсеци како оддел за хардвер, оддел за еспорт менаџмент и и гејмософија.

 Stack Overflow: Quack

Stack Overflow додава нов начин за помош на корисниците, паметна патка! Патката ги знае сие одговори на вашите прашања, и релативно брзо го добивате одговорот за жал најголемиот недостаток е што за д го искоритстите мора да зборувате патковски јазик.

 IBM Model Q квантна тастатура

IBM најави дека по долга работа конечно може да кпретстават квантна тастатура. Тастатурата е најдобриот уред кој ќе му биде достапна на секој  девелопер на квантен софтвер.

Snapchat против Facebook, Google, Twitter…

Сепак „победник“ на овој 1 Април е Snapchat. Компанијата го има најверојатно најзајадливиот настап кој сме го виделе на денот на шегата. Snapchat на својата апликација доаде филтер со кој се менуваат коментарите. По инсталирање на филтерот сликата добива facebook-рамка, коментарите се менуваат во кирилични, а „лајковите“ доаѓаат од „мама“ и „бот 1“ и „бот 2“.

Филерот е зајадлив удар кон друштвените мрежи кои имаат проблеми со руско влијание.

1 коментар на “Најдобрите шеги од 1 април

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии