Месецот јуни се чини како повеќе од одличен за љубителите на пишаниот збор, особено за научно-фантастичните фанатици. Првата половина од месецот се одбележа со исклучително квалитетни наслови од одамна докажани автори кои никако нема да ве остават рамнодушни. Независно од временските услови, ова се петте книги со кои би требало да се дружите летово.

The Best Science Fiction and Fantasy of 2018, 2 јули

Добро познатиот Нил Кларк го има ископано најдоброто од најновите научно-фантастични приказни и му дозволува на читателот да се впушти во 29 кратки приказни кои обработуваат најразлични теми за иднината. Кен Лу го има оставено неговиот отпечаток со Byzantine Empathy, Алиса Вонг со All the Time We’ve Left to Spend, а Елизабет Бер со Okay, Glory. Тука некаде, ќе наидете и на кратка приказна на Аластер Рејнолдс кој, овојпат гостува со Different Seas.

 

Salvation Day, од Кали Волас, 9 јули

Книга која особено се препорачува на фановите на Alien серијалот. House of Wisdom е огромен вселенски брод во кој смртоносен вирус ги има убиено сите членови, освен еден. Долго време, бродот е „напуштен“, сè додека Захра и луѓето под нејзина грижа не се осмелат да го искористат за тактичко повлекување. Таквото нешто воопшто нема да биде лесно и Захра ќе биде впуштена во очајни планови и обиди за бегство, само за да дознае дека на бродот демнее нешто значително пострашно од вирусот.

The Redemption of Time, од Башу, превод од кинески на англиски од Кен Лу, 16 јули

Јун Тианминг планира да си го одземе сопсвениот живот. Болеста од која страда е крајно немилосрна и тој сака да го дочека крајот на негов начин. Или, барем, така планира се додека трајсоларците не го заробат и изложат на децении свирепо мачење. Здравиот клон кој му е позајмен доаѓа со цена и Јун мора да помогне на вонземната раса во поробување на луѓето. Таквото нешто, како што Јун подоцна ќе разбере, доаѓа со уште поголема цена и е почеток на серија од настани кои се закануваат на целиот универзум.

Првин беше добитникот на Hugo наградата, The Three-Body Problem, Популарноста го охрабри Кен да работи на книгата The Remembrance of Earth’s Past, феноменално ремек дело од епски пропорции. The Redemption of Time започна како фанфикција, но Башу направи толку добра работа во претставување на светот, да Кен реши да дозволи делото да заземе поцврсти димензии и да биде преточено во чистокрвен роман.

This Is How You Lose the Time War, од Амал Елмотар и Макс Гладстоун, 16 јули

Двата одамна докажани писатели ги здружуваат силите за да раскажат приказна за љубов, војна и патување низ времето. Red и Blue се две ратоборни фракции кои се борат за контрола на иднината. Двете фракции се исклучително различни и, ако Red е технолошко напредна AI контролирана фракција, Blue e биолошка кошница од хипер еволуирани суштества. Низ вековите, војната се води не само низ просторот туку и низ времето, а меѓусебните односи заземаат изненадувачка форма. Омразата преминува во почит, а почитта во љубов, на начин кој е онолку трогателен колку што е невообичаен.

Unforeseen, од Моли Глос, 16 јули

Моли Глос е исклучителна писателка која ја има изградено нејзината репутација не само на романи, туку и на впечатливи кратки приказни. Unforeseen е колекција од нејзините кратки ремек дела, три од кои се појавуваат во печатена форма по прв пат. Од приказни кои се истакнуваат во книгата се учесникот во The Norton Book of Science Fiction – Interlocking Pieces, потоа, победникот на Theodore Sturgeon Award – The Grinnell Method и добитникот на наградите Hugo и Nebula – Lambing Season.

Пријатно читање и очекувајте нè наскоро со листа од најдобри fantasy книги за месец јули, како и соодветните продолжетоци за втората половина од месецот.

4 коментари на “Најдобрите sci-fi книги #1

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии