Најдобрите очила за дронови ќе се произведуваат во Хрватска

Дејан Соколоски

во Вести

Хрватскиот стартап Orqa FPV сака да ги креира најдобрите очила за дронови.

Очилата треба да им овозможат на пилотите на дроновите да гледаат и да управуваат со леталото како да се внатре. Најзаинтересирани за очилата од стартапот секако се пилотите кои учествуваат во спортски натпревари.

Трките со дронови се еден од спортовите кои може да ја освојат иднината. Станува збор за динамични спортски натпревари кои сепак се многу поевтини од на пример, трките во Formula 1. Спортот е присутен неколку години, но сè уште не е доволно популарен.

Убедувањето дека трките со дронови ќе ја освојат иднината е една од причините поради кои Orqa FPV се фокусирани на уредот.

Компанијата веќе има функционален прототип кои пред пошироката светска јавност  ќе биде претставен на CES 2019. Најголемиот саем за електроника секоја година се одржува во Лас Вегас во почетокот на јануари. Според најавата за Netokracija, Orqa очилата ќе започнат со претпродажба токму на овој настан. Сепак за ова да се реализира во целост стартапот ќе мора да пронајде инвеститори.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии