Најдобрите и најпродаваните игри, според Steam

Мартин Јованчевски

во Веб, гејминг

За време на зимската распродажба на продавницата за дигитални игри – Steam, посетителите имаа можност секојдневно да гласаат за најдобрите игри, кои и не мора да се само од 2016 година. За целосен увид во учесниците и победниците ве дели само еден клик, но чувствуваме неодолива потреба да прокоментираме дека симпатичната инди игра Euro Truck Simulator 2 победи во две категории, a истото се случи и со мегапопуларната GTA V. Skyrim, пак, заслужено ја зграпчи наградата за „Тест на времето“, а The Walking Dead е, според сите показатели, играта која расплакала најмногу луѓе. Од игри кои излегоа во 2016, пријатно се изненадивме што Doom и Dark Souls III се едни од најпопуларните игри, а од безвременските класици под банерот на Valve, си присвоија награда и Left 4 Dead 2, како и Counter Strike: Global Offensive.

Од друга страна, Steam си зема за право и да ја извести јавноста за стоте најпродавани игри во 2016 година, односно игри чии издавачи најмногу пари заработиле дали со продажби на основните игри, додатоци, претплати или пак микро трансакции. Во зависност од тоа колку нули има заработката, игрите се поделени во четири категории и тоа платина, злато, сребро и бронза. За целата листа видете преку следниов линк.

Интересно е тоа што најпрофитабилните игри не се само од 2016 година и, покрај хитовите како Civilization 6, Dark Souls 3, The Division, No Man’s Sky, Total War: Warhammer и XCOM 2, во првата, платина категорија, се најдоа и игрите од 2015 година, игри како Fallout 4, GTA 5, Rocket League и The Witcher 3: Wild Hunt. Причината за ова се честите попусти, како и додатоците кои излегуваа низ годинaтa. Од уште постари игри кои се вметнаа во највисоката категорија дефинитивно се изделуваат Counter-strike: Global Offensive и Dota 2. Заклучокот дека бесплатните-за-играње игри се исклучително профитабилни не доаѓа само од Dota 2 туку и од игрите како Тeam Fortress 2 и Warframe (златна категорија), War Thunder и Smite (сребрена), Tree of Savior, Path of Exile и Knight Online (бронзена категорија).

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии