Најдобрите и најевтините пакети од игри

Неделава, гејмерите имаат повеќе од одлични можности да ја збогатат нивната колекција со пакети од квалитетни ААА и инди игри.

Humble Bundle нападна со The Humble Capcom X SEGA X ATLUS Bundle каде по цена од еден долар ги добивате Rollers of the Realm, Zeno Clash 2, Sonic Adventure 2, Bionic Commando и Citizens of Earth. Доколку сте спремни да платите нешто повеќе од 6 долари, ќе можете да отклучите уште пет други игри, од кои дефинитивно би ги издвоиле Renegade Ops Collection, Resident Evil 4 и, секако DEAD RISING. Третиот платежен столб од 12 долари или нешто повеќе од 10 евра ги отклучува Motorsport Manager и Devil May Cry® 4: Special Edition. Сите игри имаат или многу позитивни или претежно позитивни рецензии на Steam. Кога сте веќе тука, не заборавајте ни на The Humble Hunie Sakura Bundle, како и на The Vive La Humble Mobile Bundle: Made in France!

Во меѓувреме, Bundle Stars го започнаа нивниот фестивал каде секој ден воведуваат нови или стари пакети од игри. За 3.5 долари би можеле да се почестите со Best of Indie Legends 2 Bundle – пакет од осум исклучително квалитетни инди игри, како Party Hard, Never Alone или Sir, You Are Being Hunted. Дополнително Batman фанатиците би се израдувале со кликнување на следниов линк, а оние кои сакаат од сè по нешто би можеле да ја разгледаат следнава промоција, каде за долар бирате две игри, за 2.5 долари бирате шест, а за 4 долари бирате 12 игри.

На малку поразлични фронтови неделава се понудија и пакети од игри со квалитет кој е, во најмала рака, сомнителен. Па така, Indie Gala го бара вашето внимание со The Completionist Bundle, каде за 3.5 долари добивате 13 игри.

Groupees го нуди нивниот откачен Tax Year 3: Late + Penalties + Natural Disasters каде за нешто повеќе од долар би можеле да извлечете солидна забава, барем со Garshasp серијалот. Причината поради која највеќе го споменуваме Groupees не се нивните моментни пакети со игри туку бројни курсеви поврзани со кодирање, правење игри, хакирање и слично. Во случај да сакате да научите нешто ново во некоја од овие ИТ области, проверете го Curious Coder Bundle, Game Universe Creator Bundle или пак Game Dev Hacker Bundle.

Во случај да барате уште игри, би можеле да го посетите и CubicBundle, но доколку сте заинтересирани за апсолутно сите активни пакети од игри и курсеви, ве советуваме да се консултирате со листата на Indie Game Bundles или пак Epic Bundle.

Пријатен шопинг! :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии