Најдобрите .мк твитерџии на 140.мк наградите

Македонската Twitter заедница постепено расне, се повеќе корисници се на сервисот на микро-блогирање во 140 карактери, и се почесто се отвараат разни дискусии за разновидни важни теми, Twitter мемиња и отсликувања на настаните во Македонија.

Во тек на натпреварот кој ги опфати тие мемиња и дискусии секој твитерџија можеше да пријави свој фаворит во соодветна категорија по што одеше гласање на сајтот на 140.мк.

Победниците се:

  • За твитерџија-руку (почетник) е прогласен @extremebt
  • Tвитерџија со најголем напредок e @CommieArtBOX
  • Најкорисен твитерџија e @sead93
  • Најдобар твит во 2010 e на @skechboy

Жена што мисли дека Star Trek е направа за вежбање е ебати жената…Sun Nov 28 12:29:37 via web

  • Најтаг за 2010 e #opsada (дискутираните теми на Twitter се одбележуваат со тагови)
  • Најкомпанија/организација на твитер e @VipMK
  • Најдобар аватар има @ExtremeBt
  • Најдобра позадина има @SkechBoy
  • Најдобар твитерџија во #tretasmena е @zuberot
  • Најдобра твитерџика е @bvelkovska
  • Најдуховит твитерџија е @sead93

Честитки до победниците!

4 коментари на “Најдобрите .мк твитерџии на 140.мк наградите

  1. Ако „мемиња“ е превод на "memes", треба да го модифицирате троа. "Meme" е пандан на "gene"; "gene" на македонски е преведен како „ген“, а множината е „генИ“. Следствено, множината на "meme" на македонски ќе биде „мемИ“.

    1. Мислам дека си блиску, но множината доаѓа од „интернет меме“ не „интернет ген“, бидејќи „меме“ значи нешто друго, "memes are the cultural counterpart of genes" – http://0.mk/ec1b,

      Го користам „меме“ како збор бидејќи не знам дали има на македонски збор кој што ќе го долови неговото значење, http://en.wikipedia.org/wiki/Internet_meme … а бидејќи „меме“ е среден род тогаш множината е со -иња, според граматиката на мак. јазик.

      Но, би сакал да чуеме од пример лектор… не е само овој збор кој го земаме здраво за готово од англискиот за да може да објасниме конкретен ИТ контекст. Проблемот е голем, а поимникот на МИО т.е обид за поимник има само преводи како „ActiveX control; ActiveX-контрола“ или „loop; јамка“ кои не помагаат во задржување на контекстот :))

      1. Сфаќам зошто е напишано „мемиња“. Кога кажав претходно дека "meme" е пандан на "gene", мислев на потеклото на зборот. Зборот го кажува Ричард Докинс во неговата книга „Себичниот ген“ и претставува аналогија на генот, т.е. како што генот пренесува биолошка информација, така мемот пренесува информации за идеи и верувања: https://secure.wikimedia.org/wikipedia/en/wiki/Me… … Науката што се занимава со изучување на мемите се вика меметика (пандан на генетика), измислувањето на нови меми се вика меметички инженеринг (пандан на генетички инженеринг), итн. На англиски зборот се изговара „мим“, а не „меме“. Исто како што gene се изговара џин, а не гене :)

        Нема потреба да се преведува зборот – исто како што никој не го превел „ген“. А за поимникот на МИО пишував уште кога се појави првиот драфт: https://majtap.wordpress.com/2009/04/29/terminolo… :)

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии