Познат поголемиот дел од спикерите на 6-то издание на AllWeb. Влезниците по Early Bird цена ќе бидат достапни уште 10 дена.


Шестото по ред издание на најголемата домашна конференција за дигитален маркетинг AllWeb, оваа година ќе се одржи на 17 ноември. По успешното второ издание на конференцијата во Тирана, Албанија, AllWeb се враќа во Скопје каде македонската маркетинг сцена повторно ќе се собере на едно место да ги чуе најактуелните теми и говорници од областа на дигиталниот маркетинг.

Главните теми на овогодинешниот AllWeb се е-трговија (omnychannel, payment processors, analytics), перформанс маркетинг (PPC, conversions, optimization) и содржина (social media, influencer marketing, monetization).

Организаторите досега ги најавија Хајмо Хамер од Kraftwerk кој има работено за клиенти како Coca-Cola, Redbull и Domino’s Pizza, Матеј Лончарич од Joomboos, експерт за работа со YouTube инфлуенсери и легендарниот Шкотланѓанец Дејв Бирс, поранешниот креативен директор на OgilvyOne, McCann Worldgroup and Poke. Сега најавуваат уште неколку нови имиња од светот на маркетингот.

„Многу сме среќни што можеме да најавиме уште двајца врвни говорници со кои годинешнава програма уште повеќе добива на тежина. Тоа се Петер Санто, основачот на SpringTab и консултант на компании како Time-Warner и L’Oreal, како и Џон Буркхарт, „content guru” и член на бордот на Sports And Entertainment Alliance In Technology (SEAT), организација која ги обединува маркетинг специјалистите кои работат во NBA, NFL, NHL, Премиер лигата и слични спортски асоцијации. Со нив и со уште неколку говорници кои наскоро ќе бидат објавени, заокружуваме програма која ќе им понуди на учесниците на конференцијата фантастичен увид во најновите трендови во дигиталниот маркетинг“ – вели Дарко Булдиоски, програмски директор на AllWeb.

Влезниците за конференцијата веќе се во продажба, а во моментов може да набавите Early Bird влезници кои се со 50 евра пониска цена од регуларните и можат да се купат најдоцна до 30.10.

Сите информации за содржината на конференцијата и говорниците може да ги најдете на allweb.mk.


Disclaimer: IT.mk е медиумски спонзор на конференцијата AllWeb.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии