Најдобрите игри во 2019 година, според Steam

Традиционално како и секоја година, Steam ја објави листата од игрите кои се најдобри. За таквото нешто, се користат нивни статистички податоци, според бројот на извршени продажби, но и според бројот на играчи.

Листата со најпродавани игри се дели на Platinum, Gold, Silver, и Bronze. Platinum, подразбирливо, се одликува со најголемата заработка, Gold со помалку од Platinum, а Silver помалку од Gold. Не се знае која е точната граница помеѓу категориите, но безбедно е да се заклучи дека доколку некоја игра се наоѓа во некоја од овие категории, тогаш девелоперите имаат причина за славење. Интересно е тоа што, во 2019 година, бројни постари игри се истакнуваат како најпродавани.

Категоријата од најдобрите нови игри открива интересни изненадувања со, сосема очекувано, Red Dead Redemption II на врвот, заедно со Devil May Cry, Jedi: Fallen Order, и, уште еден наш омилен хит, Remnant: From the Ashes. Надолу, категориите се делат во зависност од месеците кога се излезени.

Третата категорија се посветува на VR игрите, а тука, низ истите категории како кај првата листа, доминираат интересни хитови, како Skyrim VR, феноменалната Superhot и, секако, Beat Saber. Подолу во листата, може да видите и кои се најпопуларните VR игри на Steam во 2019 година.

Четвртата категориja покажува кои игри го напуштиле раниот пристап на Steam и успеале значително да заработат во процесот. Листата крие исклучително квалитетни инди игри, од кои дефинитивно би сакале да ги изделиме My Time at Portia, Space Engineers, и Slay the Spire.

Последната категорија е она која нам нѝ беше најинтересна. Тука се кријат најиграните игри во 2019 година, според бројот на највеќе наизменични играчи во даден момент. Ова е категорија која докажува дека играта нити мора да чини пари, нити да е нова за да вистински се ужива во неа. Со над 100 000 симултани играчи доминира Warframe, CSGO, Dota 2 и Path of Exiles. Од најновите игри, гордо стојат на тронот Sekiro, Three Kingdoms, и римастер верзијата на Halo.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии