Најдобрите Fortnite играчи добиваат стипендии на универзитет

Нема никакво сомневање дека 2017 и 2018 година се години на Battle Royale игрите. PUBG и Fortnite пуштија длабоки корени во гејмерската индустрија, особено е-спортот, до таа мера да одредени универзитети почнаа да нудат стипендии за најдобрите играчи.

Универзитетот Ashland знае дека за да бидете добар во Fortnite потребно е имате одлични рефлекси и флексибилна можност за прилагодување и извлекување максимум од предизвикувачка ситуација. Таква е ситуацијата со League of Legends, Overwatch, Counter-Strike: Global Offensive и Rocket League. Ова се веќе постоечките тимови кои се дел од моментната програма, а од есен, универзитетот планира да се прошири за уште еден тим. За потребите на Battle Royale жанрот, универзитетот ја избрал Fortnite, а сите заинтересирани можат да се пријават на програмот тука!

Од универзитетот признаваат дека воопшто не се ни мислеле помеѓу PUBG и Fortnite затоа што Fortnite е играта која, според нив, привлекува поголема публика и таа е идеалното решение за навлегување во околина која бара креативност, иновативност и маестрална контрола врз вештините.

Стипендијата изнесува 4000 долари, што е повеќе од задоволително, но целосен престој на кампусот и студиите се искачуваат до нешто повеќе од 30 000 долари. И покрај ова, интересно е како игрите заземаат се поголемо влијание во образовните кругови и како интелектуалната елита ја користи љубовта кон е-спортот  за да ги поттикне младите генерации да го насочат вниманието токму кон нивната институција.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии