Најдобрите fantasy книги #2

Во пресрет на продолжениот викенд, имаме повеќе од солиден избор од книги. Во случај да не сте преголеми фанови на научно фантастичниот жанр и на десетте најнови книги, за кои можете да прочитате тука и тука, тогаш портите на фантазиските светови се целосно отворени, а ова се петте книги кои најмногу нè импресионираа во последните две недели.

Gods of Jade and Shadow, од Силвиа Морено Гарсија

Едно од најпријатните изненадувања летово се прикрадува во форма на епско дело кое е инспирирано од мексикански фолклор приказни. Писателката Силвија веќе успеа да собере легија од фанови со Certain Dark Things, но нејзината најнова книга ја издигнува на значително повисоко рамниште, со приказна која се заканува да остане долго со вас.

Младата Касиопи Тар живее исклучително тежок живот. Одржување на огромната куќа на дедо ѝ е оставена само на неа, а монотоното секојдневие полека го поткопува нејзиниот душевен мир, сè додека, еден ден, не пронајде мистериозна дрвена кутија. По нејзиното отворање, се ослободува богот на смртта на Маите. Оваа, крајно шармантно суштество има само една цел – да се симне од тронот неговиот брат, независно од цената. Младата Касиопи е единствената која може да му помогне и нивното патување низ подземјето на Маите започнува, а долгогодишното секојдневие и чистење на огромната куќа станува само еден далечен сон.

Jade War, од Фонда Ли

Првата книга од серијалот Green Bone Saga не само што доби World Fantasy награда, туку и беше номинирана за Nebula. Втората книга на Фонда го продолжува истражувањето на азиска историја, легенди и традиции и маестрално им навлекува фантазиски слоеви.

Кланот No Peak, во комбинација со бројни други внатрешни и надворешни фактори, значително ја загрозуваат егзенстицијата на семејството Каул. И, додека предностите на жадот се користат за оплеменување на Green Bone воините со натприродни моќи, семејството Каул жртвува сè што е можно, само за да се спаси од мафијашкиот гнев.

The Unlikely Escape of Uriah Heep, од Х. Г. Пери

И уште едно креативно и крајно освежувачко дело нѝ доаѓа од креативниот ум на Х. Г. Пери. Како фанови на Хари Потер книгите, не можевме, а да не подвлечеме неколку интересни паралели.

Чарли Сатерланд е сосема нормален, млад ученик, со еден мал исклучок. Може да повикува ликови од книги да се појават во вистинскиот свет. Со години, ваквата дарба се крие од неговото семејство, особено од неговиот, исклучително љубоморен брат, но низа случки му откриваат на Чарли дека во цело соседство се кријат стотици ликови кои претходно биле извлечени од книгите. Ова не е само дело на Чарли и набргу се појавува уште еден повикувач, уште еден носител на истата дарба, но и на желбата да го види Чарли на дното. Во борба за опстанок, Чарли се потпира на заедничка соработка со бројни фиктивни ликови, особено со една детективка која како да ѝ ја симнала капата на Ненси Дру.

Magic: The Gathering — Rise of the Gatewatch, A Visual History, од Wizards of the Coast

За сите љубители на Magic: The Gathering игрите, оваа книга се чини како задолжителна лектира. Колекција од бројни уметнички цртежи кои биле искористени за картите, како и нивни првобитни и проширени верзии, но и целосна историја за навидум семоќните planeswalkers. Сево ова и многу повеќе е истражено до најситните детали и загрижените читатели можат интимно да се запознаат со бројните соочувања со древниот змеј и со еден-и-единствениот Никол Болас.

Becoming Superman, од Џеј Мајкл Стразински

Книга за која, иако не сме сигурни дека потпаѓа под нашата категорија, сепак би можела да им биде интересна на љубителите на фантазискиот и научно-фантастичниот жанр. Имено, Мајкл Стразински е исклучително познато лице кое несебично ги позајмува неговите таленти не само во филмската индустрија, туку и во индустријата со стрипови и телевизија. До излегување на оваа колекција од мемоари, малку се знаеше за неговиот живот.

Becoming Superman открива трогателни детали за проблематичното детство на авторот, за тоа како би „чуван“ од нацистички пијаница и клинички депресивна мајка, за лошото влијание од неговиот дедо и баба и за тоа како бил спасен од работ на пропаста благодарение на стриповите, особено на тие со Супермен. Стразински објаснува дека хероите низ бројните стрипови му биле единственото светло во бескрајната темница и долгогодишна мотивација во мисијата за пишување и градење кариера.

Нашиот избор од најнови fantasy книги од првата половина од јули, можете да го најдете тука!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии