Најдобриот Windows 10 лаптоп, само што стана подобар

Dell XPS 13 е еден од најдобрите, ако не и најдобар Windows 10 лаптоп. Веќе неколку години компјутерот е во самиот врв на најдобри лапотопи. Со новата надградба Dell се надева дека ова ќе остане случај и во иднина.

Надградбата е во процесорот и ќе овозможи дури 40% подобри перформанси. Новиот Kably Lake R процесор доаѓа со 4-јадра, а перформансите нема да доаѓаат на сметка на батеријата, вели The Next Web.

Со прoмените XPS 13 ќе биде еден од ретките 13-инчни лаптопи со 4-јадрен процесор. Купувачите ќе можат да одберат помеѓу Intel Core i6 на 1.6GHz и Intel Core i7 на 1.8 GHz. Предноста на поголемиот 15-инчен модел сега останува графичката картичка, и помоќни 4-јадрени процесори.

Новата верзија започнува со продажба на 12 септември. Засега нема податоци за промена на цената. Актуелните основни верзии на Dell XPS 13 и Dell XPS 15 се продаваат за нешто над 1.000 долари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии