Најдобриот македонски DotA гејмер се приклучи на американски е-спорт тим

Image courtesy of Martin Sazdov/Facebook

Најдобриот македонски DotA 2 играч, Мартин Саздов – Сакса, ќе биде дел од тимот на Digital Chaos за турнирот ESL One во Манила. Digital Chaos ќе тренира за турнирите во САД, на кои доколку победи ќе се квалификува како претставник на САД. Доколку успеат да се пласират, финалето на турнирот ќе се одржи во Манила, а веднаш по ова, започнуваат квалификациите за најголемиот DotA 2 настан International. International е официјален турнир во DotA 2 чие последно издание имаше награден фонд од 18 милиони долари. Тимовите мораат да останат во овој состав над пет месеци, односно до The International 6.

Мартин, кој доаѓа од Свети Николе, е еден од најдобрите европски и светски играчи во Dota 2, според официјалната листа за MMR, oдносно според поените кои се калкулираат од победите. Интервју со Сакса може да погледнете на емисијата за игри GG.mk.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии