Најдобри програми за читање стрипови на паметни направи

За фановите на стрипови, нема ништо поубаво од читањето на стрипот во печатена форма. Но таквото нешто е проследено со одредени недостатоци, особено кога сте во движење или на места каде не сакате да бидете видени како листате Капетан Мики. Во поглед на читање стрипови, паметните направи го имаат достигнато плафонот и на располагање имате одлични можности кои откако ќе ги проверите, би можеле да сметате дека дигиталното читање не само што е попрактично, туку и поисполнително.

Comixology – Оваа е нашата број еден апликација за читање стрипови, највеќе поради исклучително напредните и супер-кул можности за читање на стриповите панел-по-панел. Guided View e феноменална технологија која динамично се движи низ панелите и допринесува до значително подобро искуство, особено на поголемите екрани. Доколку читате од помалите екрани, често се случува да мора да ја менувате положбата на телефонот од вертикална на хоризонтална за да го извлечете максимумот од прикажаниот панел. Втора работа која не нѝ се толку допаѓа е тоа што за да читате стрип преку оваа апликација, мора претходно да го купите од самата продавница. Тоа значи дека нема да ви користи за читање на вашите Дилан Дог стрипови или нешто што веќе претходно го имате на вашиот Хард диск. Но, Comixology пука од илјадници и илјадници стрипови, а често нуди попусти до 50%. Оние кои не можат да си го дозволат тоа, би можеле да ја проверат Unlimited услугата каде за неполни пет евра месечно, имате на располагање над 15 000 стрипови.  Имајте во предвид дека со Unlimited често се случува да не можете да прочитате апсолутно се од вашите омилени серијали. Нам нѝ се често има случувано да ги прочитаме првите 20 стрипови од омилениот серијал само за да видиме дека наредните 20 стрипови не се дел од програмата и за нив е потребно дополнително да се плати.

ComicrRack – Кажете што сакате за ComicRack, но ние сме исклучително задоволни од апликацијата. На многумина не им се допаѓа тоа што програмот не е надополнет од 2014 година, но она што има функционира беспрекорно. ComicRack располага со одлична библиотека за организација на вашите стрипови и со напредни можности за прикажување на страните на стриповите. Можете да ја прикажете целата страна на екранот, со суптилни нарушување на квалитетот, како и да ги отстраните белите граници за да максимално го искористите пружениот простор. Прелистувањето е флуидно, со опции за различни транзиции и скокања од една на друга страна. ComicRackсе нуди во бесплатна и платежна форма. Ако веќе се одлучите со ComicRack, одете со платежната. Ние го користиме со години и немаме апсолутно ниедна замерка. Добро, можеби би сакале да има Guided View, како кај Comixology, но и без тоа, читањето од телефоните со екран од и над 4,5 инчи знае да биде задоволително, особено кога телефонот е поставен во хоризонтална положба. За читање преку таблети, особено оние кои се од 10 инчи, искуството е феноменално.

ComiCat – Повеќето од оние кои некогаш користеле Comicrack сега се имаат префрлено на ComiCat, и тоа од две причини. Прво, ComiCat е двојно поевтин од ComicRack и, второ, постојано се надградува. Не само што се одликува со сите функции кои ги има во ComicRack, туку и често знае да изненади со некои целосно нови и уникатни за програмот, како копче за автоматска синхронизација и преземање на вашите стрипови од бројните сервиси на облак (OneDrivе, Dropbox Google Drive и многу повеќе). Програмот нема да ве разочара ни доколку читате лоши, односно скенови на стари стрипови, затоа што се има алгоритми за подобрување на квалитетот на скеновите, отстранува ефекти на избледеност и слични работи кои времето ги има оставено.

CDisplayEx – Оние кои читаат стрипови на компјутер тогаш дефинитивно се запознаени со CDisplay. Програмот со години и години доминираше, но, со смртта на авторот, група доброволци решија да работат на CDisplayEx – истиот програм со дополнителни, напредни опции и исправки. Таквиот тим, од неодамна исфрли и андроид апликација. И бесплатната и платежната верзија има соберено високи оценки и, доколку барате нешто поразлично од горе-наведеното или пак едноставно сакате да се присетите на носталгичните денови од читање стрипови од компјутер, пружете му шанса на CDisplayEx. Програмот е релативно нов на андроид сцената и ќе му треба малку повеќе време да стои раме-до-раме со претходно кажаните гиганти, но она што има е сосема солидно и никако не го нарушува читањето.

На располагање имате бројни апликации за читање стрипови на паметни направи, но нешто повеќе од овие четири , не знаеме до која мера би можеле да ви препорачаме. Оние кои бараат бесплатни читачи, нема да погрешат доколку одат со Astonishing Comic Reader, Perfect Viewer, или ComicScreen. Овие програми постојано се надградуваат, но за многумина рекламите знаат да го нарушат севкупното искуство. Интересно е тоа што Comic Time Reader е бесплатна апликација која, како кај Comixology нуди Guided View можности за читање, но не се ни совршени и, за жал, последната надградба на програмот е во 2015 година.

Со што и да одите, пријатно читање! Упс, не знаете што да читате? Во случај да сте и гејмер, разгледајте ги нашите совети за стрипови засновани на игри, тука, или, можеби тука!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии