Најдобри демо верзии на игри за PS4

На следниот линк можете да добиете увид во сите бесплатни, демо верзии кои се достапни на PS4. Но, што од огромната листа дефинитивно треба да проверите?

FINAL FANTASY VII REMAKE е целосен римејк на една од најпознатите игри од долгогодишниот серијал. Заиграјте со Клауд Страјф и ставете крај на корпорација чиј примарен фокус е да направи енергија од животната сила на планетата. Иако промените се огромни, најголеми разлики ќе забележите во флуидниот борбен систем во реално време.

Uncharted: The Nathan Drake Collection e графички обогатена колекција од првите три игри. Се работи за фенемонален, адреналински поткован авантуристички серијал кој останува долго со вас по завршување на игрите. За многумина, двојката е една од најдобрите игри, а демото кое ви го препорачуваме во дозволува да навлезете во едни од најдобрите моменти во Among Thieves. 

Just Dance 2020 крие интересно демо во кое ќе можете да танцувате до бествес на Kill This Love од BLACKPINK и Talk од Khalid! Во случај да немате PS камера, можете да го користите вашиот паметен телефон за да ги следите движењата.

Doom е една од најпопуларните акциони игри во прво лице. Сега, неколку недели пред излегувањето на Doom Eternal, се чини како одличен момент за проверка на играта која го започна долгогодишниот хајп.

Final Fantasy XIV e „демо“ кое никако не би требало да го пропуштите, особено доколку сте ММО фанови во FF универзумот. Демо верзијата ви дозволува целосно да го истражувате и да уживате во огромниот свет се до левел 35. Во случај да најдете вредност и да решите да ја купите играта, напредокот кој сте го направиле во пробната верзија се пренесува.

PlayStation VR Demo е нешто што би требало да го проверите доколку конечно решивте да се почестите со PS VR опремата. Оваа колекција содржи 15 демо верзии на игри како Driveclub, Eve: Valkyrie, Job Simulator, Rez Infinite, Until Dawn: Rush of Blood, и многу повеќе. Дефинитивно вреди за краткотрајна забава, особено кога скептични гости ќе решат да ве посетат.

Dragon Quest Builders е серијал кој произлегува како успешен хибрид помеѓу Dragon Quest и Minecraft. Пред да скокнете на двојката, проверете ја демо верзијата за оригиналната, прва игра. Во демото ќе се запознаете со клучните механики, ќе го проверите системот за борбата и ќе ја започнете изградбата на вашиот прв град. Иако не сте временски ограничени во демото, нема да можете да го напуштите првиот остров.

Resident Evil 7 е демо во кое е вдомен хорор во најчиста можна форма. Во случај да не се плашите лесно, ова е демото кое, иако кратко, лесно би можело да ве остави без спиење. Сакате подолго демо? Проверете го четиричасовниот хорор во форма на Beginning Hour. Имајте лексилиум при рака.

Blood and Truth е едно од најдобрите VR остварувања. Едноставно си должите себеси да го проверите оваа интерактивно чудо од зашемативачки коктел од експлозии и драматична приказна. Демо верзијата ќе ви дозволи да навлезете во смртоносна мисија во пустина.

Заинтересирани за уште демо верзии кои нѝ се особено драги? Знаете како викаат, листата може да биде само подолга…

  • Devil May Cry 5 – Играјте со Nero и ставете крај на бројни орди од демони и проверете неколку нови вештини и моќи
  • RESIDENT EVIL 2 се одликува со посебно демо кое е замислено правилно да ве подготви за престојот во Raccoon City.
  • Detroit: Become Human – Феноменално интерактивно остварување кое од срце го препорачуваме на сите што се по комплексна приказна која се менува во зависност од вашите одлуки (и брзи рефлекси).
  • MediEvil е одличен римејк, со демо кое ви дозволува да ги проверите првите четири стази од играта.
  • Mafia III навистина не е лоша игра. Демото ви дозволува да го искусите целиот прв чин од приказната и да проверите дали ваква форма на дигитален живот е за вас.

Мора нешто да пропуштивме. Сигурно нешто пропуштивме. Осмелете се да нѝ кажете што во коментарите или на социјалните мрежи!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии