Најавените подолги твитови доаѓаат следната недела

Во мај Twitter најави дека ќе го олесни ограничувањето од 140 карактери во пораките. Промените доаѓаат веќе следната недела, на 19 септември, велат извори на Verge.

Бројот на карaктери останува ист, но Twitter ќе промени што ќе се смета во броењето. Така, отсега нема да се бројат имињата на прикачените фајлови. Без разлика дали се слики, гифови, анкети или видео. Дополнително нема да се бројат ниту имињата на корисниците на кои им се одговара, доколку бидат поставени на почетокот на твитот.

Компанијата размислуваше и да го отстрани лимитот на карактери, но сепак ограничувањето е еден од идентитетите на микро-блогот. По враќањето, Џек Дорси речиси веднаш објави дека нема да има промени, кога лимитот од 140 е во прашање. На корисниците им се допаѓа ова, а искажувањето во 140 карактери побарува јасност, но и креативност.

Можно е дел од промените да бидат воведувани етапно, па дел од споменатите „зборови“ да се отстрануваат од броењето еден по еден. Од Twitter нема објаснување за начинот на кој ќе се воведе промената, но секако ќе дознаеме наскоро.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии