Најавени вторите Red Bull Campus квалификации во Valorant

IT.mk редакција

во Вести

Првите квалификации за Red Bull Campus Clutch Valorant натпреварите се зад нас. Во финалето се пласираа ENTiTY и Team Zelka.

Ако сакавте да учествувате, но не успеавте да се пријавите не очајувајте. Оваа недела со почеток од 17часот ќе се одржат вторите квалификации. Натпреварите се отворени за сите студентски тимови, но треба да бидат исполнети неколку услови.

  • Заинтересираните најпрво треба да оформат тим, но и ако не успеат да формираат тим можат да се приклучат како соло играчи на некој од постоечките тимови.
  • Тимовите мора да се составени од играчи постари од 18 години.
  • Максималниот број на играчи во тимот е 5.
  • Тимот мора да остане речиси непроменет низ сите фази на турнирот. Дозволена е промена на само еден играч, во било која фаза од турнирот.
  • За времетраењето на турнирот, играчите може да биде членови на само еден тим.
  • Заинтересираните може да се пријават ТУКА.

Red Bull Campus Clutch е прв глобален турнир за студенти во играта VALORANT. Учество во турнирот земаат повеќе од 50 земји, а се организираат повеќе од 300 настани за да се реализира истиот. Национални квалификации се одржуваат во сите 50 држави. Овие квалификации водат до националното финале.

Најдобриот студентски тим од нашата држава ќе добие пет Steelseries Arctis 1 слушалки како и пет Quick Medium падови за компјутерски глувчиња, и секако ќе не претставува на квалификациите на Светското првенство.

Доколку тимот успешно ги помине и квалификациите за Светското првенство, победата таму би се наградила со 20.000 евра и VIP искуство на Valorant Masters турнирот, велат организаторите.

Повеќе информации за турнирот може да пронајдете на следниот линк: https://redbullcampusclutch.com/

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии