Најавена опција за бришење пораки од Facebook Messenger

Facebook најави дека наскоро сите корисници ќе можат да избришат пораки кои ги пратиле на Facebook Messenger. Веста за функционалноста ја забележа Matt Navarra и ја сподели на Twitter.

Бришењето пораки доаѓа најпрво за корисниците на iOS и тоа ќе биде достапно во апликацијата од верзијата 191.0, јави Verge.

Сепак бришењето ќе доаѓа со ограничувања. На пример пораките можат да бидат избришани единствено во првите 10 минути по објавувањето. Ова и не е преголемо ограничување, со оглед на тоа дека поголем дел од пораките ќе бидат прегледани по овој период.

За прв пат функционалноста ја откри самиот Facebook, кога објави дека ги бришат пораките од Марк Закерберг.