Најавена Mozilla работилница

IT.mk редакција

во ИТ.МК

{mosimage}Секој кој е заинтересиран за проектот Mozilla Firefox е поканет да присуствува на „MECT 09“ настанот кој ќе се одржи на 15.04 (среда) во амфитеатарот на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје. Предавањата ќе ги водат истакнати придонесувачи на Мозила проектот: Тони Пирс, Арзел Јунзи и Грег Костенобл, сите од Франција.

Отворената покана до сите заинтересирани е испратена од организаторот „Слободен софтвер Македонија“ кои на сите заинтересирани им ја нудат „можноста да ги продлабочат своите знаења од областа на употреба на интернет технологиите и интернет програмирањето.“

„Во склоп на настанот предвидено е да се одржат две предавања/работилници:

  • Техничко предавање: Firefox за веб програмери, отворени веб стандарди, прелистувач што е напишан според стандардите HTML 5, новата структура за обработка на JavaScript, нови CSS можности;
  • Предавање за крајните корисници: како да се користи веб 2.0 во Firefox, демонстрација на отворени веб стандарди, интересни додатоци и можности.“

Овие предавања се од Mozilla Europe Community турата (MECT) низ источна Европа и Балканот во „три неделно патување на неколку членови на тимот на Мозила во различни држави од Источна европа и Балканот во кои интернет прелистувачот Mozilla Firefox се користи на повеќе од 50% од компјутерите. Идејата на патувањето е да се промовира Mozilla, нејзината мисија да промовира отворени веб стандарди и да се сретнат локалните заедници кои го помагаат развојот на Firefox и останатите Mozilla производи.“

За тие што нема да можат да присуствуаат на предавањето, а имаат желба, турата ќе помине и во Струмица. Повеќе детали тука и тука.

{mosimage}



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии