Најавен е USB 4, ќе биде двапати побрз од сегашата технологија

Иако уште во целост не е имплементирана USB 3.0 технологијата, USB Implementers Forum ја најави следната голема надградба – USB 4. Според најавата максималната брзина ќе биде 40 Gbps, два пати побрзо од сегашната верзија, вели Verge.

Спецификациите на USB 4 всушност се блиску до Thunderbolt 3. Двете може да понудат до 100 W моќност. Веројатно подеднакво важно е што имаат доволен проток на податоци да овозможат користење на екстерни графички картички. Секако ова ќе биде дополнителна причина за добра проверка на квалитетот на каблите.

Веројатно тоа што USB конечно ја достигнува брзината достапна на Thunderbolt пред 3 години нема да импресионира никого. Добрата вест тука е дека USB Implementers Forum со ова ќе се обиде да имплементира еден стандард, а со тоа да го поедностави целиот USB еко-систем.

Проблем со стандардизацијата е што USB е отворен стандард и нема цврст сет на правила кои треба да се исполнат. Всушност целото имплементирање е оставено на производителите. Поради ова секаков обид да се наметне некаква регулација од USB Implementers Forum ќе биде сериозен проблем.

Нацрт спецификациите засега не се објавени, но ова ќе се случи пред крајот на оваа година. Thunderbolt 3 нема да биде сменет со USB 4, туку двата стандарди ќе продолжат да функционираат паралелно.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии