Raspberry Pi е суперпопуларен мини-РС и тоа пред се поради неговите можности и флексибилност. Неодамна Raspberry Pi доби нова B+ верзија со што несомнено ќе се зголеми примената и интересните проекти кои може да ги видиме, засега CNET креираше листа на најинтересни  и амбициозни Raspberry Pi проекти.

Еве дел од нив:

  •  “Супер-компјутер”

Научниците од Универзитетот Саутемптон креираа “супер-компјутер” составен од 64 Raspberry Pi плочки. Со оглед на тоа дека не станува можност за премногу моќен компјутер,  доказ за функционален концепт.

  • Уред за автоматизирано хранење на домашните миленици

Дејвид Брајан благодарение на Raspberry Pi не мора повеќе да се грижи за тоа дали неговите миленичиња се нахранети. Мини компјутерот управува со специјално креираниот уред кој определено време во денот им сипува храна, но истиот може да се управува и преку паметен телефон. Упатствата, алатките кои се потребни како и дополнителните елементи се достапни на веб страната.

  • Биткоин „рудар“

Колин Канингам со помош на Raspberry Pi креираше компјутер кој се користи за собирање на биткоини, односно како биткоин-miner. Креирањето на машината е сложен процес, но сајтот има детален опис и упатства за се што е потребно за завршување на проектот.

 

  • GameBoy за сите игри

Доколку сте вешти, а и ви недостасуваат постарите видеоигри, можете да го следите примерот на Џон Хасл кој со помош на Super Nintendo и Raspberry Pi креираше рачна конзола на која работат сите „класици“. Проектот како и претходните побарува претходни технички предзнаења и вештина при лемењето.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии