Наградата за најдобар студентски изум James Dyson Award 2017 за sKan – детектор на меланома

Дејан Соколоски

во Свет

Студентите од Мекмастер универзитетот ја освојија наградата James Dyson Award за 2017. Наградата се доделува за најдобрата иновација од студенити, за да ги мотивира следните генерации на инженери. Оваа година ова несомнено ќе биде случај, со оглед на тоа дека креираа уред кој го детектира ракот на кожа во рана фаза. Уредот го нарекоа sKan и треба да помогне со побрзо дијагностицирање.

Детекцијата на ракот на кожа во рана фаза е исклучително важна со оглед на тоа дека по детектирањето во рана фаза, преживувањето на пациентите е поверојатно. Ракот на кожа е најчест и секој трет заболен од рак е со меланома.  По детекција во рана фаза, подолго од 5 години преживуваат 98% од заболените.

Најголемата предност на новиот метод е цената, што ќе овозможи широка примена. Тимот од Мекмастер универзитетот забележа дека клетките на рак имаат побрз метаболизам од здравите клетки. Поради ова, побрзо се загреваат откако ќе се изладат. Ова овозможува преку прецизни сензори да се детектираат делови на кожата и да се креира топлинска мапа.

Засега дијаностицирањето на ракот на кожа се прави со визуелен преглед. Ова е бавен процес. Дополнителен напредок на вештачката интелигенција овозможува прегледите да ги прави машина, со што значително се зголемува ефикасноста и се забрзува процесот. Новата технологија ќе овозможи дополнотелно зголемување на ефикасноста, што ќе биде уште подобро за лечење на оваа болест.

Тимот кој работи на sKan ќе ги потроши 40.000 американски долари од наградата за рафинирање на производот за да може со поголема сигурност да ги поминат тестовите на Американската агенција за храна и лекови.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии