<надополнето 15.12.10> Уставниот суд ги одби промените на Законот за електронски комуникации, односно ги поништи петте одредби кои и даваа моќ на полицијата да прислушува без судски налог.

Одбиени се петте измени на член 4 (точки 47 и 48), член 112 (ставовите 7 и 8), член 114 (ставовите 7, 8 и 9), член 115 и член 138 (став 1), точките 28 и 29. Сите овие промени и даваа моќ на полицијата да прислушува без налог и да има директен самостоен пристап до мрежата на операторите.

Еве што се предлагаше со додадените точки 47 и 47 на членот 4 од Законот:

„47. Овластен орган за следење на комуникации е Министерството за внатрешни работи кое презема мерки и активности за спроведување на мерката следење на комуникации и има постојан и директен пристап до електронските комуникациски мрежи и објектите на операторите на јавни комуникациски мрежи и давателите на јавни комуникациски услуги.

48. Следење на комуникации е техничка можност која овозможува тајно следење на комуникациски услуги, а се остварува со вградување на соодветна техничка опрема и соодветна софтверска поддршка во електронската комуникациска мрежа на операторот на јавни комуникациски мрежи или давателот на јавни комуникациски услуги.“

Одбиен е и предлогот за нов став 8 во членот 112 кој дозволува „директен пристап и самостојно превземање на податоците“.

„(8) На овластениот орган за следење на комуникации операторите на јавни комуникациски мрежи и давателите на јавни комуникациски услуги се должни да му овозможат постојан и директен пристап до своите електронски комуникациски мрежи, како и услови за самостојно преземање на податоците за сообраќај.“

За жал, Уставниот суд не го намали времето од 24 месеци за чување на податоците, што е максимално време што го бара Евроската Унија.

Документите во .pdf:

</надополнување>

Првичниот текст од 26.05.2010: Се спремаат измени на Законот за електронски комуникации кои предизвикаа различни ставови и гледишта на промените и отворија доста дискусија за приватноста и моќта на големиот брат.

Според властите ова се „посуштински измени на одредбите во законот врз база на утврдени недоречености, проблеми при негова имплементација и спроведување, како и
во контекст со наодите утврдени од страна на Европската комисија“, пишува во документот со измените на Законот за комуникации.

Според другите започнува Орвеловата 1984. Фондацијата Метаморфозис вели дека измените „ја нарушуваат приватноста и други човекови права“. Сличен став има и опозицијата, a критички настроени кон измените се и членовите на форумот на IT.com.mk започнувајќи oдлична дискусија.

Критични променети кои наведуваат дека постои можност за нарушување приватност т.е можност властите да добијат преголема моќ и супер-алатка за прислушување се измените на членовите 29, 111, 112, 114 и 115 од Законот за електронски комуникации. (.pdf)

Пример, ставот 1 од член 112 се изменува во „Операторите на јавни комуникациски мрежи и давателите на јавни комуникациски услуги се должни да ги чуваат необработени податоците за сообраќај за последните 24 месеци.“

24 месеци е премногу време за некој да ги чува информациите. Ова е дури и според ЕУ според чии закони бараaт да се чува информациите од 6 месеци до 2 години. Но… дали мора да се чуваат информациите 2 години?

Пример, Google ги чува податоците само 9 месеци, и при тоа објаснува кои информации чува. Секако дека Google е приватна компанија, не е држава која треба да се грижи за безбедноста на луѓето, но и само со 9 месеци Google е под притисок од Европската агенција за заштита на информациите да го намали периодот на 6 месеци. Тоа е четири пати пократко од времето кое македонските власти бараат операторите да ги чуваат информациите. Од државите најдов неодамнешен пример за Германија каде законски информациите се чуваат само 6 месеци. Во тој пример, текст од BBC, се наведува дека Врховниот суд забранил да се чуваат податоци за разговорите, СМС, имејловите и дека не смее да се чува содржината од разговорот, туку само информации кој кому се јавил, кога и колку долго разговарале.

Друга важна промена е променување на членот 112 каде се додава нов став кој гласи:

„На овластениот орган за следење на комуникации операторите на јавни комуникациски мрежи и давателите на јавни комуникациски услуги се должни да му овозможат постојан и директен пристап до своите електронски комуникациски мрежи како и услови за самостојно превземање на податоците за сообраќај“

Што значи самостојно превземање на податоци за сообраќајот? Дали властите ќе можат без судски налог и без знаење на операторот да прислушуваат? Или дали откако ќе добијат дозвола и започнат да прислушуваат законски тогаш ќе можат самите да го продолжат да го прават ова?

Интересна промена е измена на Членот 115 од Законот каде се сменува насловот, односно се трга „прислушување“ и се предложува ново име „Опрема и интерфејс за следење на комуникациите“.

Oва се само предложени измени, не мора да значи дека ќе бидат и вметнати во Законот, иако има вести дека измените нема да се повлечат, но демократски е да се отвори дискусија за нив. Пишете ни што мислите за промените на Законот подолу во коментарите или вклучете се на дискусијата на форумот.

11 коментари на “Надополнето: Големиот брат ќе прислушува само со судски налог

  1. Да не се лажеме овие начини на прислушкување се вршат секојдневно од страна на луѓе во ДБК, ВСБИР или бирото за јавна безбедност, единствено е оневозможено добиените докази преку овие средства да се користат како доказни средства во постапките. Со Законот за електронски комуникации се постигнуваат две средства добиените докази од овој начин на СИГИНТ разузнавање да се користат против разните криминални и терористички групи во државата и вторниот битен момент кој изгледа сите го забораваат се создава трага на оние што се прислушкуваат бидејки во равенката се вметнува трета странка т.е мобилните оператори и интернет провајдерите кои се должни да ги чуваат барањето кој, кога и зошто се присклушкувал и најбитно од се "од кого".
    Уставниот суд со тоа што ги укина одредбите оневозможи да се легализира врската помеѓу прислушкувачот и прислушкуваниот така да благодарејки на тоа пак ке царуваат разузнавачите.
    Реално гледано вистинскиот предизвик со кој што ке се соочиме ке биде во првата четврина од 2011 кога ке се финализира законот за спојување на агенциите за разузнавање и кога ДБК ке добие ингеренции да апси и прислишкува без да остава траги во бирото за јавна безбедност т.е враќање на Македонија пред 50 години кога важеше изреката ОЗНА се дозна.

  2. Пак само сеење магла. Уставниот суд при очи се прави слеп. http://www.mvr.gov.mk/Uploads/Zakon%20za%20sleden
    член 2 убаво си кажува дека треба налог.

    ЗЕК е генерален закон за фреквенции, дифузери, агенција итн итн. Си има специјален закон за следење.

    А целава случка е чист политикантски измеќарлук од страна на уставниот.

  3. За целите и огромната креативност и умешност при бирањето на зборовите за изразување на работите што се за наше "добро" се гледа само од "Членот 115 од Законот каде се сменува насловот, односно се трга „прислушување“ и се предложува ново име „Опрема и интерфејс за следење на комуникациите“.". Дискусијава би требало доста активно да се води и меѓу самите новинари и т.н. (не)владини организации, како и на социјалните мрежи. Според мене ретко кој Македонец го прочитал ова нешто и размислил што тоа значи.

    1. "Според мене ретко кој Македонец го прочитал ова нешто и размислил што тоа значи. "

      Toa e клучот. Може да се дига галама за се и сешто, но се додака не се објаснат значењето на информациите тогаш ќе има проблеми и злоупотреби.

  4. Леле значи луѓево се немам зборови ставиле лајк на ова дека ке не присклушкуваат. Или се глупи или од мвр им дале пари да ставаат лајкови хехех.

    1. haha Like е дека сакаат да ја споделат информацијата со другите, да знаат дека некој може да ги прислушува. :)

  5. Тачно. И јас да сум на местото на ДБК, токму, тоа би го правел. Зошто да си го трошам времето и скапите ресурси на бесполезни работи, кога можам да демнеам видни личности од ваков, надземен калибар со еден куп gay порно на хард диск; дејци без идеја, без волја, без бутур.

  6. Само да додадам:

    Она од што ќе не боли глава многу повеќе, нас, обичните корисници на интернет во Македонија се (погрешниот) начин на кој се реформира Марнет и (погрешниот) начин на кој се формира македонскиот Internet Exchange — како потполно државни институции, во најдобрата традиција на „руски гос-заводи“.
    Ќе „патиме“ многу повеќе одошто сите фејсбуци-приватности-мозили-годзили заедно!

    Нашите драги, способни и храбри новинари од it.com.mk нека направат едно истражување на оваа тема.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии