Надополнето: Три нови сервиси од Google

IT.mk редакција

во Веб

{mosimage}(21.04.2009) Вчера Google објави два нови сервиси. Го објави онлајн сервисот Google News Timeline, преку кој ќе овозможи полесно прегледување на вести и пристапување до информации. News Timeline овозможува да ги прегледате најпопуларните стории објавени од страна на медиумите во тек нa еден ден, недела, месец, година или пак декада. Може да пребарувате и по клучни зборови, според категории, специфични датуми, да ги изберете сами изворите на информациите… одлична функција е тоа што ќе можете да додадете и извори од Google Blog Search и Book Search.

Сервисов е доста корисен и овозможува визуелно следење на развојот на една вест, прикажувајќи го јасно изворот и датумот. Доколку пак често пребарувате или истражувате настани од минатото, алаткава е наменета токму за тоа.

"Во Google поминуваме огромен дел од нашето време размислувајќи како да ги организираме информациите. Денеска, го претставуваме Google News Timeline – нов проект на Google Labs кој организира различни видови на пребарувања и ги прикажува во графичка временска линија која може да ја зумирате." – беше изјавено на блогот на компанијата.

Проектов е создаден од инжинерот на Google, Енди Хертфелд, кој пак вели дека инспирација за вакво нешто му бил сервисот Google Maps, но наместо можноста корисниците да пребаруваат низ мапи, да пребаруваат низ време.

{mosimage}

{mosimage}

Дополнително беше објавен и Similar Images, експериментален проект кој при пребарувањето на слики во Google ќе ви сугерира и слични слики на таа што сте ја пронашле.

Надополнување 22.04.2009:
Google продолжува со изненадувањата… овојпат претстави сервис наменет за подобрување на резултатите кои луѓето ги добиваат во пребарувачот за вас… да да за вас. :P Сега кога пребарувате нечие име во Google, ќе добиете листа на Google профили кои корисниците однапред ги подесиле под бараното име.

Секој корисник кога во пребарувачот ќе внесе "Me" ќе биде запрашан дали сака да создаде свој профил и да им олесни на луѓето кои би го пребарувале неговото име побрзо да го најдат.

Ова е одлична алатка која ќе ви помогне да ја контролирате вашата репутација доколку има некакви резултати во пребарувачот за вас.

При подесувањето на профилот внесувате само неколку основни детали за себе, вашите интереси, професионални искуства, линкови до друштвените профили кои ги имате… има и полиња на кои може да внесете и повеќе информации, контакти и слично, но тоа останува на вас. Сервисот ви овозможува и да си создадете посебно URL за вашиот Google профил, на пример: http://www.google.com/profiles/arsovski.damjan

Одличен потег на Google, којзнае можеби планот им е на ваков начин да почнат со создавање на сопствена друштвена мрежа… чекор по чекор. :)



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии