Надополнето: Рецензија на Google Lively Beta

IT.mk редакција

во Рецензии

{mosimage}Иако сеуште во бета верзија, и само „20% проект“ како што го најавија, Google Lively – само за една недела покажа дека може да биде важна алатка за друштвените
мрежи. Преку илјадници си направија свои соби и аватари, дури и порнографијата си
го најде местото во новиот 3Д-свет.

Google Lively е 3Д свет во кој преку вашиот прелистувач
можете да си направите аватар т.е карактерче и да си дизајнирате соба во која
можете да си ги поканите пријателите на вообичаен чат (читај: разговор). Интересниот дел е што додека се допишувате можете да го истресете од земја, да играте, да го гушнете, да му фрлите клавир над
глава, да го утешите, да му плачете на рамо… и други анимации кои ги
заменуваат веќе вообичаените смајлис. :D

{mosimage}

Споредено со Second
Life
, па дури и The Sims, овој проект на
Google не е ништо посебен. Сепак новото во Lively е нешто што може да го смени
вашиот блог или Facebook профил и начинот на кој ги
користите. Секоја од собите во Lively содржи свој URL линк кој што може да се
закачи на блог, сајт, Facebook
профил ( Google најави дека подоцна таа опција ќе биде достапна и на MySpace). Исто
така е можен и обратен процес. Да закачите ваша слика, видео или блог во вашата
Lively соба.

Вашиот аватар
Можете да
изберете од 10 видови аватари. Дете со голема глава, аниме дечко и девојка,
црнец, мечка … – секој од нив си има свои уникатни анимации на движење и
емоции.

Интерфејсот за бирање на изледот и облеката на
вашиот карактер е доста едноставен и лесно се користи. Движењето на камерата и
на самиот аватар е само со глувчето, нема користење на тастатурата освен за пишување
на текст во долниот бар.

{mosimage}

Анимациите се
доста добро направени и едноставни за користење. Треба само да кликнете на
аватарот и да изберете емоција. Интересно е тоа што системот ги препознава
текстуалните емоции: lol, rofl, :), :P итн. така да на секое од
напишаните вашиот аватар ќе реагира.

Доколку сакате
пак вашиот разговор да не го читаат другите во собата секогаш можете да ја
искористите опцијата whisper (шепкање). Со тоа вашиот разговор ќе остане приватен во соба со многумина.

Собите
По создавање на
аватарот ви останува да си дизајнирате соба или пак да посетите една од
популарните, како собата на Google
или да влезете во Fight Club-от каде што ќе можете
да му залепите кунг-фу шамар на некој „рандом“ лик без да се навреди.

Тука е и најголемата
иновација на Lively. На пример доколку сте во Fight Club-от на ѕидот ќе може да
гледате импортирани инсерти од филмот. Тоа значи дека во вашата соба која ќе си
ја дизајнирате сами, ќе можете да си ставите ваше видео, слика или да го закачите омиленото mp3,
односно ќе можете да си ја персонализирате собата.

{mosimage}

Забелешката за
собите е што се многу мали, имаат невидливи граници. А мебелот и додатоците за
дизајн на собите се малубројни така да сега за сега собите се „copy-paste”. Google најави дека ќе овозможи
корисниците сами да си дизајнираат облека и мебел, но засега таа опција не е
можна.

Техничкиот дел на Lively
Да создадете
аватар и соба е едноставно. Се што ви е потребно е интернет прелистувач, Flash 9, да симнете 13 мб програмче и корисничко име на некоја од
Google услугите. Од хардверски дел ви е потребно стандарден компјутер со минимум перформанси
пентиум 3 и 512 мб RAM.

{mosimage}

До сега тоа е
едноставно. Проблематичниот дел е што ви треба солидна (читај: многу брза) интернет
конекција. Во популарните соби каде што има многу луѓе вчитувањето на собата
трае од 5-15 мин. со 3 мб/с интернет конекција. Но сето тоа зависи од посетеноста, така да
кога ќе креирате аватар и соба нема да чекате подолго од 1 мин земајќи во
предвид дека собата ќе е празна.

Правилата за игра
Морате да имате
13 години за да го користите Lively, доколку сте помлад од 18 ви треба дозвола од родителите или старателот (
вообичаените процедури и „родителски контроли”). Останатата „природа“ на овој проект се сите
вообичаени правила, односно „услови за користење“ кои треба да се почитуваат.

Но проблемите
веднаш започнаа. Земајќи во предвид дека Lively е друштвена мрежа, порнографијата и голотијата се
забранети. Само по една недела можете да најдете порнографски соби. Од друга
страна ја имате и можноста да повикувате пријатели во вашата соба и со тоа да
ја направите приватна, затворена во јавност во која можете да ставите какви слики
сакате..

Другиот проблем
со „законот“ e што тој
подразбира да нема малтретирање, замарање, навредување и спамирање. Но одредени
анимации се дизајнирани да го инволвираат другиот лик со кој комуницирате без
негово одобрување. На пример – кога сакате да го гушнете некој вие го гушнувате без да го прашате, кога
сакате да его kung-fu ритнете
некого вие го инволвирате во битка од 3-4 секунди и го млатите.

{mosimage}

Нормално расизмот
и навредувањето на национална и религиозна основа се сериозно забранети.

Парите во Lively
Моментално се што
е на Lively, односно
облеката, собите, мебелот и останатите додатоци се бесплатни. Но фактот дека
има цена за објектите кога ги бирате и ги ставате во каталог имплицира дека
парите озбилно ќе се вмешаат.

Примерите со Second
Life покажаа дека многу луѓе ја
искористија таа игра за правење профит, има примери кога играчите во Second
Life, заработуваа големи пари со
промоција на книги во играта, со дизајнирање и продавање на куќи и простори во
играта. Дури можете да купите и кока кола „in-game”.

Таков развој може
лесно да се случи и во Lively, иако сеуште од Google нема
најава за тоа какви пари и на кој начин и намена ќе се користат доколку ги има,
посебно земајќи во предвид дека ќе се престави опција за дизајнирање на објекти,
облека и мебел, па и имплементирање на клипови и музика во собата.

Заклучок
Lively може да
стане сериозна алатка за комуницирање и користење на друштвените мрежи, иако
сега изгледа како стрипче. Иновациите се доста добри, посебно што Google
Lively
e имплементиран во прелистувачите
– така да можете да /wave со
аватарот додека сурфате или проверувате маил.

За повеќе слики од Lively сервисот, кликнете тука.

Надополнување (25.12.2008):
Google одлучи да го исклучи Lively на 31 декември 2008 година.

„Ова е тешка одлука, но мора да ги приоритизираме нашите ресурси и да се фокусираме на пребарувачот и бизнисот со апликации“ рекоа од Google на официјалниот блог.


Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии