Надополнето: Први детали за најновите картици

IT.mk редакција

во Свет

{mosimage}(Сеуште неофицијално, ова се првите податоци на најновите графички картички на nVidia и AMD(ATi). Како што ќе се објавуваат нови податоци, ќе се прави надополнување на оваа вест.) Надополнување: Еве, не мина ни
еден цел ден, а веќе мораме да се држиме до ветувањето и да ја надополниме
веста од вчера. Конечно, се
појавија првите официјални податоци за GT200
чипот на nVidia.
Како што веќе знаете, се работи за чип кој ќе биде вградуван во првите два
модела од оваа најнова генерација графички картички на nVida – GTX280 и GTX260.


Од самите
податоци се гледа дека е направен огромен исчекор во однос на G80 и G92. Пред се тоа се однесува на
димензиите на самиот чип, кој е изработен во 65 nm литографија и во кој се нашло место
за 1.4 милијарди процесори! Да, милијарда и четиристотини милиони процесори,
што е речиси двојно повисока цифра од 754 милиони кај G92.

Деталите имавте
можност да ги погледнете во табелата, која повторно е објавена подолу со минимални измени – додаден е
бројот на транзистори и корегирани се работните тактови на Stream процесорите и меморијата.
И,
цената која е најавена за странскиот пазар. По која цена ќе се продаваат кај
нас не е познато, но овие цени нека послужат како ориентација. Ако не за друго,
да видиме дали нашите фирми ги „пумпаат“ цените без мерка.

Тоа што е
занимливо е што nVidia
конечно реши да го прошири меморискиот интерфејс на 512 bit-а. При поставените работни
тактови на GDDR3 меморијата,
се остварува проток на податоци од 141.7 GB/s кај
GTX280,
односно 112 GB/s кај GTX260. AMD има поинаков пристап –
меморискиот интерфејс сега е 256 bit-ен, но затоа работните тактови на
мемориите се далеку повисоки. За таа цел, вградени се GDDR5 мемориски модули, кои
овозможуваат работен такт од 1800 MHz (3600 MHz ефективни).

Значи, сосема
различен пристап. Интересното тука е што на некој начин улогите се сменија – nVidia беше таа практикуваше високи
работни тактови на меморијата со 256 bit-ен
бус наспроти 512-те bit-а
кај Radeon-ите,
кои имаа пониски работни тактови (тука не мислиме на картичките од low-end сегментот). Да видиме која и
чија концепција ќе преовладее.

Исклучувањето на
едниот мемориски контролер и 2 текстурни/процесорски кластери, како и помалиот број
текстурни и растерни единици е основната разлика помеѓу GTX260 и GTX280. Секако, тука е и разликата во
работни тактови. Сето тоа е сторено за да се направи доволна разлика помеѓу
овие два модели како во поглед на перформансите, така и во поглед на цената.

Секако, овдека
не е крајот. Следи и подетален опис на самата архитектура на GT200. Секако, и на RV770 на AMD.
Stay
tuned!

{mosimage}

{mosimage}

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии