Надополнето: Падот на Mininova, 65 отсто помала посетеност

IT.mk редакција

во Веб

(Надополнувањето на текстот за помалата посетеност на Mininova, заедно со статистиката, ќе го најдете подолу, под првобитниот текст)

{mosimage} Најголемиот торент сајт, Mininova.org ги избриша сите нелегални пиратски торенти. На сајтот остана само легалната содржина, односно содржина која е закачена од авторите кои сакаат бесплатно да го споделат своето дело. Ова промена е по одлуката на холандскиот суд, одлука за спорот помеѓу Mininova и анти-пиратската асоцијација BREIN.

Mininova ќе забрани и секакво закачување на содржина која ќе се смета дека е пиратска или е со име на веќе постоечко дело.

„Неколку месеци тестираме системи за филтрирање на содржина, но откривме дека е ниту технички ниту операциски возможно да се имплементира систем за 100% филтрирање. Така, одлучивме дека единственото решение е да ја лимитираме Mininova во дистрибутор на содржина. Се уште размислуваме за поплака против судската одлука.“ пишува Mininova на својот блог.

{mosimage}

Pirate Bay падна. Сега и Mininova. Дали е ова крај на пиратеријата и .torrent споделувањето? Или пиратите
едноставно ќе го променат сајтот и технологијата за да
споделуваат
содржина?

Надополнето: Падот на Mininova, 65 отсто помала посетеност

Mininova стана легален сервис и изгуби скоро 70 отсто од интернет сообраќајот за само 1 недела! Претходно Mininova бележеше 5 милиони посети дневно, а сега има 1.8 милиони посети, според TorrentFreak.

Што се однесува со симнувањето и закачувањето содржина, мислам дека статистиката на сајтот зборува зошто постоеше Mininova.

{mosimage}



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии