Реакциите на оваа одлука, веста прв пат беше објавена на Broadbandreports.com, беа негативни. Веднаш се направи блог Stopthecap.com кој го критикува ограничувањето на интернетот.

„ … корисникот неможе да предвиди колку бајта, односно податоци (дата) ќе бидат симнати од посета на некој сајт. Многу веб сајтови објавуваат презентации, разновидни банери за рекламирање, аудио и видео за содржината на посетителите … “ – пишува во еден коментар на блогот на кој се водат разни дискусии меѓу кои и како компаниите заработуваат од лимитот.

Oдговорот на компаниите е дека истото се случува со телефонијата и кабловските телевизии. Ако сакаш повеќе, ќе платиш повеќе. Од друга страна пак компании го поставуваат лимитот според корисниците. Додека Frontier Communication Inc. вели дека нејзините корисници месечно симнуваат 1.5 ГБ, односно за нив лимит од 5ГБ е доволен, Comcast Corp. планира да го ограничи сообраќајот на 25ГБ месечно. Компаниите велат и дека се свесни за податокот и дека просечниот сообраќај се дуплира секоја година. Зголемувањето оди паралелно со брзината на интернетот и тип на содржината на сајтот. Така што границата сигурно ќе биде покачена наредната година кога ќе се воведе лимитот.

Во Македонија границата на интернет сообраќајот (download и upload заедно) е ставена на 2,10,100ГБ на Т-Хоум или 6,15,101ГБ на Он.нет со слична цена околу 600/1000/1500 денари месечно.

И во Македонија реакциите за ограничувањето на интернетот беа негативни. Кога започна „АДСЛ интернетот“ немаше лимит, по што многу брзо беше ограничен. Имаше и протести пред зградате на Мт.нет. Откако се постави лимитот се користеа украдени шифри, при што на едно корисничко име се акумулираа преку 150ГБ месечно што беше неверојатно земајќи ја брзината од 50kbps. Овој чекор ги натереа провајдерите да воведат дополнителни мерки за заштита кои ја намалија злоупотребата.

Да објасниме што може да се направи со 2ГБ лимитиран интернет*:

– 140,000 e-mail или 2,500 часа сурфање или
– 70 часа онлајн играње игри
– 14 часа на гледање кратки видеа на YouTube
– 3 часа видео стреаминг

* не се земени во предвид разновидноста на сајтови кои се посетуваат, како и сајтовите со видео и аудио во нивната содржина

Надополнување 30.08.2008:
Американскиот интернет провајдер Comcast и официјално потврди дека ќе го ограничи трансферот на интернет пакетите на 250 гигабајти започнувајќи од 1 Октомври. За секој корисник кој ќе го надмине овој лимит првин ќе следи предупредување, а доколку не се почитуваат правилата ќе следи и суспензирање на една година.

Од компанијата тврдат дека овој лимит од 250 ГБ е со цел да се намали преоптеретувањето на мрежата и да овозможи поквалитетен интернет. Со овој лимит просечен корисник ќе може да испрати околу 50 милиони е-маилови и да преземе над 60,000 песни во еден месец.

Другите поголеми интернет провајдери во САД сеуште ја тестираат оваа опција, но веќе постојат најави дека Cox Communication ќе ги ограничи своите корисници од 5 ГБ до 75, додека Time Warner Cable најавува лимит од 5 до 40 гигабајти.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии