Пребарувачот ќе работи на тој принцип што во стандардна форма како таа на Google ќе може да внесете прашање чиј одговор бара изнесување на факти, како на пример “Колку снег има паднато на Балканот во последниот месец?“, “Кога акциите на Google вределе повеќе од 300 долари?” и слично, по што пребарувачот ќе се обиде на што поприроден начин да го пресмета одговорот.

Засега, можноста на Google за одговарање директно на поставените прашања со факти е ограничена на само неколку можности, на пример колкаво е населението на една држава или пак кога е родена некоја јавна личност… но според експертот Нова Спивак кој е еден од ретките луѓе кои имале можност да го пробаат Wolfram|Alpha, овој нов сервис ги знае одговорите од областите на технологија, географија, физика, бизнис, патување, музика и многу други.

Тој во пост каде што детално го објаснува неговото искуство и мислење за пребарувачот, вели дека “Wolfram|Alpha одлично ги пресметува одговорите кои не ги пребарува во огромна датабаза, со што е попаметен (и поразличен) од Google.”

За проектот кој содржи милиони линии на алгоритми, сеуште нема детали или пак можности да се тестира, но Волфрам во пост на својот блог објавува дека во мај ќе се презентира првата верзија од неговиот Wolfram|Alpha пребарувач кој ќе постане “нова парадигма за користење на компјутерите и интернетот.”

Надополнување 18.05.2009:

Во петокот официјално беше објавен интелигентниот пребарувач Wolfram|Alpha, кој работи како еден вид на интерактивна енциклопедија. Од она што ние забележавме, пребарувачот е доста брз и дава коректни и корисни податоци за поголемиот број прашања.

Се обидовме скоро сите поставени прашања од наша страна да бидат ограничени на овој географски регион… предизвикот беше целосно исполнет од Wolfram|Alpha кој одговори на секое прашање, освен на она кое му го поставивме со кириличен фонт.

Следниве неколку примери ќе ви помогнат да разберете на кој начин може да го користите овој пребарувач:

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии