Надополнето: Oбјавен хакот на PlayStation 3

(линк до постото на Џорџ Хотз, каде е објавен хакот ќе го најдете под првобитниот текст)

{mosimage} Sony PlayStation 3 е еден од уникатните гејминг производи кој не работи со пиратски софтвер… т.е не работеше до сега. Хакерот Џорџ Хотз познат по хакнувањето на iPhone за да работи и на други мрежи, изјави дека по неколку недели работа успеал да го пробие системот на PlayStation 3 да пушта пиратски видео игри.

„Се може да се хакне. Сега можам да правам што сакам со системот. Тоа е како да имам нова супер моќ – само не сум сигурен што да правам со неа.“ вели г-дин. Хотз за BBC.

Тој најави дека наскоро ќе го објави процесот на хакирањето онлајн бидејќи корисниците ќе можат да си инсталираат оперативен систем и домажни игри, но и ќе можат да играат PS2 игри на PS3.

„Лично не играм игри на PS3, имам една игра но не сум ја играл.“ вели хакерот кој вели дека мотивот за хакнувањето на системот е само „љубопитност“.

Надополнето 27.01.2010: Хакот е објавен

„Се надевам дека ова ќе за запали PS3 сцената, и дека вие ќе се организирате и ќе најдете како да го користите ова за практични работи.“ напиша Џорџ Хотз на својот блог објавувајќи го хакот и барајќи од сите хакери да ги постираат своите истражувања за PlayStation 3 на psDevWiki.

{mosimage}



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии