Надополнето: Нови правила за мобилните

IT.mk редакција

во ИТ.ЕУ

{mosimage}(24.03.2009) Во следниве денови, почнувајќи од денес, во Европскиот парламент и Советот на Европа ќе се разговара за новите европски закони за комуникација преку мобилен и интернет конективноста. Промената на правилата е иницијатива на Европската комисија, поточно на комесарот за ИКТ, Вивиен Рeдинг.

Еден од работите кои треба да се сменат, според Комисија, е проблемот промена на операторот и провајдерот. Иако корисниците можат да сменат провајдер и да си го задржат бројот, вели Комисијата, сепак тие мораат да чекаат одредено време кое се растеглува и до неколку недели.

„Јас сакам сите европејци да можат да го променат телефонскиот оператор – било мобилен или фиксен – во еден единствен дел, како што е случајот во Ирска или Малта“ вели комесарот Рединг во своето видео обраќање со кое го повикува европскиот парламент и Советот на Еврова да бидат амбициозни во финалните преговори за новите правила.

{mosimage}

Притисокот на ЕУ врз операторите за слободата на корисникот во минатото го донесе правилото за преносливост на броеви, околу 24 милиони фиксни и 60 милиони мобилни броеви се префрлиле меѓу операторите.

Второ барање на Комисијата е намалени роаминг цени за разговори и цени за интернет преку мобилен. Целта на Комисијата е тие цени да бидат фиксирани на 0.11 евра за СМС (намалено од 0.29 евра, просек) и 1 евро по мегабајт за сурфање преку мобилен.

Говорот на г-ѓа. Рединг можете да го прочитате тука, а линкот до видеото тука.

Надополнето 27.03.2009:
Eвропскиот парламент се согласи тарифите за комуникација преку мобилен телефон да почнат да паѓаат од јули 2009 година и да го достигнат максимумот во 2011, односно највисоката цена што им е дозволено на операторите да наплатуваат.

Договорот е цените за СМС низ Европа да бидат лимитирани на 11 евро центи (7 денари). Што се однесува на роаминг разговорите цените ќе паѓаат од 43 евро центи по минута од јули 2009, па 39 во јули 2010 до крајниот лимит на 35 евро центи по минута од јули 2011.

Истото се однесува и на интернет преку мобилен. Корисниците од јули 2009 ќе плаќаат 1 евро за мегабајт, од јули 2010, 75 евро центи, а од јули 2011 ќе се плаќа 50 евро центи за мегабајт. Кога сме кај интернетот, беше договорено корисниците да бидат информирани кога ќе стигнат до 80% од договорениот лимит со операторите т.е ако имате 10 ГБ лимит, операторот ќе ви каже кога сте потрошиле 8 ГБ.

Овој договор треба да помине пред Индустрискиот комитет на Европскиот парламент на 31 Март, а се очекува да биде изгласан до 24 Април.



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии