Надополнето: Modern Warfare 2 заработи 1 милијарда долари

IT.mk редакција

во Софтвер

(Најновите информации, надополнувањата на текстот ќе ги најдете подолу под првобитниот текст)

{mosimage} Долгоочекуваната видео игра Modern Warfare 2 од серијалот Call of Duty ги сруши сите рекорди со преку 5 милиони продадени копии, генерирајќи 310 милиони долари во САД и Британија за само 24 часа! Ова се само бројките за тие две земји. Играта се објави ширум светот, но бројките за севкупната продажба се уште не се објавени.

Според Activision ова е „најголемиот старт во историјата низ сите форми на забава“.

„Серијалот Call of Duty стана културен феномен кој ја демонстрира моќта на видео игрите како забавен медиум.“ вели Мајк Грифит, директорот на Activision.

Modern Warfare го помести границите, но ова се случува со секој нова хит видео игра. Претходниот рекордер Grand Theft Auto IV која кога се објави во април 2008 за само еден ден продаде 3.6 милиони копии глобално и донесе исто 310 милиони долари.

Ох, да не заборавиме… во бројката од продажбата воопшто не се вклучени пиратските верзии на играта. На кратко, видео игрите стануваат поголема забава и помоќен бизнис од филмовите.

Дополнително за читање за растот на гејминг индустријата – Кралевите на виртуелниот свет

Надополнето: Русија ја забрани Modern Warfare 2

Русија ја забрани Modern Warfare 2 и ја тргна играта од сите продавници поради една мисија во играта која вклучува терористи кои ги масакрираат цивилите, сите цивили!, на еден руски аеродром.

Иако сцената е дел од измислена приказна, и иако мисијата може да се прескокне, сепак се работи за неверојатен масакар во чиј удел е вклучен и играчот како инфилтриран ЦИА агент во терористичката група.

Навистина е лудо од Activision и Infinity Ward во време кога светот стравува од терористички напади, да вметне сцена во која и самиот играч игра улога на убивање цивили. Компаниите ветија дека ќе објават верзија за рускиот пазар без таа мисија за сите платформи. Но сепак малку контроверзност нема да штети на рекордната продажба, нели?

Modern Warfare 2 ги сруши рекордите, и покрај тоа што е тргната од Русија која има голем пазар. Се проценува дека играта во првата недела продаде околу 9 милиони копии ширум светот.

Надополнето 14.01.2010: Modern Warfare заработи 1 милијарда долар од продажба

Modern Warfare 2, последното продолжение на Call of Duty заработи 1 милијарда долари од продажбата на 15 милиони парчиња. Играта од самиот почеток беше хит продавајќи носејќи над 500 милиони долари од продажбата во првите 5 дена!

MD2 сега е една од најпродаваните видео игри на сите времиња, во друштво на милијарда-вредните игри како World of Warcraft и GuitarHero III. Интересно сите три игри се во сопственост на Activision.

Според LA Times, Аctivision потрошиле околу 200 милиони долари за рекламирање на видео играта, за која пак биле потребни околу 50 милино долари да се направи.

{mosimage}



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии