Надополнето: Кинески цвеќиња за GoogleBye

Според Google и нивното истражување е откриено дека целта на нападот биле Gmail мејловите на кинески борци за човечки права. Google тврди дека хакерите не успеале да ги пробијат Gmail сервисот. Успеале само да пробијат 2 мејла и извлекле основно информации, како датум кога Gmail профилот е креиран и сл. Но, Google oткрил дека во минатото Gmail-овите на борците за човекови права биле често пробивани преку малициозен софтвер или фишинг измами. Исто така, во нападот кој се случи во декември биле нападнати и други 20 големи компании. Надополнето: Најверојатно се работи за пропусти во софтвер на Adobe.

Изреволтиран од нападите, Google во својот блог пост „Поинаков пристап до Кина“ вели дека ќе ги тргне филтрите од својот кинески пребарувач и ќе започне преговори со Кина дали е можно да се одржи нецензуриран пребарувач. Доколку тоа не е можно, Google ќе се повлече од Кина, чиј интернет пазар е најголемиот во светот со околу 350 милиони интернет корисници. Ескпертите велат дека повлекувањето на гигантот нема да значи многу во Кина. Goоgle.cn e далеку зад кинескиот Baidu кој држи над 60 отсто од пазарот, а постојат и други помали интернет пребарувачи што ќе добијат со повлекувањето на Google.

Тоа што е интересно е што кинескиот Google од 2006 година работи според кинеските закони, односно цензура и филтри за содржина. Google, чие мото е „не прави зло“, често беше критикуван поради цензурирањето. (Пробајте го овој Firefox додаток за искуство со кинескиот интернет.)

Сега со јавно објавување на информации за нападите Google вели дека сака да „предизвика глобална дебата за човекови права и слобода на говор“.

Надополнето: Кинески цвеќиња за GoogleBye

Кинеските Google фанови започнаа да поставуваат цвеќиња пред канцелариите на гигантот во Пекинг, посакувајќи му на гигантот „GoogleBye“, знаејќи дека кога се работи за цензурата во Кина постојат само два избори – или ќе работиш по кинеските закони или нема воопшто да работиш.

„Кинеската влада го администрира интернетот според законот и имаме специфични услови за тоа каква содржина да се шири на интернетот.“ вели Јианг Ју, министерката за надворешни работи на Кина. Таа изјави и дека Кина ги поканува сите интернет компании да си го донесат бизнисот во земјата, но и дека Кина забранува несакана содржина. Г-ѓа. Јианг не спомена цензуриран материјал, туку спомена дека детската порнографија и сексуалната вулгарна содржина е забранета. Kина забранува и хакирање и веб напади, додаде г-ѓа. Јианг, што е и причината за гневот на Google.

Според безбедносните експерти, ваквите хакерски напади и пробивања се рутина за големите компании, само што не се објавуваат јавно.

Што се однесува до Google, TechCrunch од анонимни извори дознава дека Google ги пратил своите кинески вработени на одмор. Google прави интензивни безбедносни тестирања на мрежата, и затоа вработените немаат пристап до интернет.


(©Josh Chin)

Google најави дека ќе ги тргне филтрите за цензура. Но според изјавата на кинеските власти и според познавачите на состојбата во Кина, Google најверојатно ќе се повлече од најголемиот интернет пазар.

Интересна реакција објави и Baidu, најголемиот пребарувач во Кина со 60% од пазарот, велејќи дека „ми се гади од одлуката на Google“. Baidu постави и едно доста интересно прашање – Дали Google ќе се повлече и ќе се бори против цензурата ако има 80 отсто од кинескиот пазар?

Но, еве уште еден пресврт во приказнава. Google.cn откинал 3% од делот на Baidu на пазарот во третата половина од 2009 година. Тоа значи дека Google расне во Кина. Според StatCounter, во август Google имал 28% од пребарувањето, додека во декември се искачил на 43%.

Кина е огромен пазар. Се очекува до крајот на 2010 година да има околу 1 милијарда интернет и мобилни корисници. Иако во моментот Google има мали приходи од Кина, сепак на долги стази може да го развие својот бизнис. Но, пред компанијата чие мото е „не прави зло“ стои Кина која строго бара цензурирање на содржина, сила која не е спремна за компромис.

Препорачливо за читање – Интересен осврт на битката меѓу Google и Кина од SilliconAllyeInsider.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии