Надополнето: Џулијан Асанж е ослободен со кауција

Џулијан Асанж e ослободен. остане уште барем 48 часа во притвор бидејќи шведските обвинители поднесоа поплака на одлуката за кауција.

Стотина поддржувачи на г. Асанж, кои се собраа пред судот, се радуваа на судската одлука. Но кауцијата значи дека г. Асанж нема да седи во притвор до 11 јануари 2011 год. кога е закажано судењето за дали тој да биде екстрадиран во Шведска, каде е и обвинет за „случајни силувања“ и секс без кондом од две жени. Тој ги негира обвинувањата.

Слободата за г. Асанж ќе биде под строги услови. Тој веќе го има предадено пасошот за да не може да патува надвор од Англија, ќе носи електронска алка за да биде под надзор и ќе мора редовно, два пати на ден, да се пријавува на полицијата.

</надополнување>

<Надополнето 07.12.10:> Англискиот Вестминистер суд го одби барањето за кауција на основачот на Wikileaks, Џулијан Асанж велејќи дека г. Асанж има контакти и доволно финансиски средства да не остане во земјата. Џулијан Асанж ќе остане во притвор до 14 декември кога е наредното сослушување. Г. Асанж се бори против екстрадикција во Шведска, каде е обвинет дека извршил силување и сексуално малтретирање во април 2010 година.

Џулијан Асанж и неговиот адвокат Марк Стивенс ги одбија обвинувањата велејќи дека “сексот не бил принуден“. Една девојка обвинува дека основачот на Wikileaks ја користел тежината на своето тело врз неа да ја притисне, додека друга го обвинува дека имале секс без кондом, иако таа потенцирала да користат кондом. Има уште две обвинувања за сексуално малтретирања и незаштитен секс.

На судењето, неколку познати личности понудија 150.000 долари како гаранција дека г. Асанж ќе остане во Англија, но тоа не беше прифатено од судот. Една од причината за одбивање на кауцијата е што г. Асанж нема адреса на живеење во Британија, бидејќи е константно во движење. Тој самиот вели дека не останува на исто место подолго од неколку дена. Кога судот го праша за адресата тој само рече „PO Box 4080“, по што повторно му го поставија прашањето на кое тој дрско одговори: „Ви треба за да се допишуваме или за некоја друга причина?“ по што дал адреса од Австралија.

Иако судењето во Шведска е за силување, независен акт од објавување на доверливи документи, постои можност Шведска да го екстрадира г. Асанж во САД каде што може да му се суди за шпионажа, што е многу посериозен криминал од сексуално малтретирање. Инаку, Џулијан Асанж е жител на Австралија.

Дополнителен проблем за Wikileaks, е што сега и Mastercard и Visa се повлекоа одбивајќи да ги процесира донациите за сајтот, иако интересно, со Mastercard и Visa картичка можете да купувате од расистичката организација Кју Клакс Клан.

RT @martingruner: Guardian: while MasterCard and Visa have cut WikiLeaks off you can still donate to the Ku Klux Klan,other racist group …Tue Dec 07 16:38:07 via web


</надополнување>

Основачот на WikiLeaks, Џулиан Асанж е уапсен во Британија. Според официјалното соопштение од лондонската Метрополитен полицијата, објавено од Guardian.co.uk, се вели дека 39 годишниот Асанж е уапсен во 10:30 наутро во вторник, по издаден европски налог за апсење откако беше обвинет од шведските власти за силување, принудување и сексуално малтретирање кое се случило во април 2010 година.

Според адвокатот на г. Асанж, апсењето нема да го спречи објавувањето на уште документи. Во моментов на Wikileaks.ch се објавени само 920 доверливи дипломатски документи од вкупно 251.000.

FLASH: WikiLeaks spokesman says arrest of Assange does not change plans for release of more documentsTue Dec 07 11:20:40 via web


Веста ќе биде дополнета штом бидат објавени повеќе детали за овој случај. Додека тоа се случи, прочитајте што пишувавме претходно за WikiLeaks:

11 коментари на “Надополнето: Џулијан Асанж е ослободен со кауција

  1. Воопшто не е обвинет човекот. С`е уште нема никакво обвинение покренато.

    Патем, можеби it.com.mk ќе сака да истражи за 03 ROME 000125? На nettime има информативна дебата за тоа.

    1. Имаче неколку чудни работи, имаше обвинување, кое беше повлечено, па сега повторно има обивинување,. Инаку зошто (на која основа) сакаат да го пратат во Шведска?

      1. Виктор, ова се онакви правнички детали. „Обвинување“ е кога јавниот обвинител ќе покрене постапка. Тоа до сега се нема случено. Значи Асанж не е „обвинет“ (charged на англиски). Има обвинувања кои се од женитите, тоа би било allegations / reports на англиски.

        Она за што го бркат и што е целосно спорно е дека некаде околу 11 октомври тој не отишол на закажано интервју во шведската полиција во врска со истрагата. Дали тоа е доволна причина за да се покрене меѓународна потерница е исто предмет за дебата.

        Понатаму, во Англија човекот не беше „уапсен“ туку „притворен“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии