Надополнето: Дизајн идеи за Firefox 4.0

IT.mk редакција

во Софтвер

{mosimage} Текстот е надополнет со
новите слики за идниот дизајн на Firefox 4.0 кој можете да ги најдете подолу после првичниот текст.

Mozilla откри неколку детали од Firefox 3.7 наменет за Windows оперативниот систем, со цел корисниците да добијат претстава како ќе изгледа новата верзија од популарниот интернет прелистувач. Компанијата објави неколку слики од верзијата 3.7, иако сеуште не е објавена верзијата 3.6.

Главниот човек на Mozilla, Мајк Белтзнер потврди во понеделникот дека следната верзија на прелистувачот ќе биде објавена отприлика во исто време со објавувањето на Windows 7, кое се очекува да се случи во Октомври. Дизајнот на прелистувачот полека се движи во насока на дизајнот на Windows Vista/7 кој се одликува со стаклест ефект и провиден изглед и на тој начин како да се интегрира во самиот оперативен систем.

„Тулбарот и табовите се исто така со стаклест изглед. Копчињата се прозирни и по малку сјајни за да одговараат со тулбарот. Посовршен 3D изглед кој дава поефективен впечаток,” објави Mozilla во својот пост.

Промените на Firefox, покрај стаклестиот изглед, преместување на копчето Page кое е сместено на левата страна на полето со табови. Барот со алатки и омилени страници е поместен сосема десно на прозорецот. Сепак, ова се само скици за идниот прелистувач.

„Ова не е финалната верзија! Ова се само идеите и експериментирање со дизајнот.“ велат дизајнерите на Firefox.

{mosimage}

{mosimage}

Надополнето 28.07.2009: Firefox 4.0

Мozilla на својот блог го објави и новиот дизајн за Firefox 4.0. Иако се уште се работи за планови и идеи за идните верзии на прелистувачот чија 2.5 верзија излезе пред месец дена, сепак може да се види насоката на која се движи Firefox – во поедноставен интерфејс. Првиот дизајн е со табовите под барот за адреси додека вториот е со табоите над барот за адреси што многу личи на Google Chrome. Последната слика го покажува комбо дугмето за стоп/оди/рефреш на сајт опцијата.

{mosimage}

{mosimage}

{mosimage}



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии