Надополнето: Блогерката лута, го тужи Google за 15 милиони

{mosimage}

(Текстот е надополнет на крај со реакцијата на самата блогерка, Розмари Порт, која планира да го тужи Google за 15 милиони долари затоа што компанијата ја нарушила нејзината приватност)

Судот во Њујорк им нареди на Google да ги предадат деталите за авторот на блогот Skanks in NYC, хостиран на нивната платформа за блогирање Blogger.com, откако блогерот ја навредил манекенката Лискула Кохен во еден негов текст. Клеветите биле дека манекенката многу лесно се вклучувала во сексуални односи и дека секогаш била спремна да изведе орален секс.

Целата процедура започнала така што адвокатите на манекенката поднеле барање до судот да им нареди на Google да им ги достават деталите за анонимниот блогер, за да можат да поднесат директна тужба за клевета.

"Навистина се надевам дека не е некој што јас го познавам. И јас сум човечко суштество. Крварам. Имам чувства. Кога го видов тоа на блогот, беше ужасно. Вистински се надевам дека личноста која стои зад ова, има нешто друго повеќе и поважно во животот отколку да го работи ова." – изјави за медиумите моделот Лискула Кохен.

{mosimage}

Од друга страна пак, адвокатите кои го претставуваа Google и блогерот, се бранеја со фактот дека коментарите се само лично мислење и дури дека можат да се третираат и како хиперболични. Но судот, доделувајќи ја пресудата, силно ја искритикува навиката на блогерите да се кријат зад анонимни идентитети и објасни дека на таквата пракса мора да и дојде крај. Овој став на судот во Њујорк може да биде навистина проблематичен и за другите блогерите ширум светот.

Google по пресудата го избриша блогот.

Надополнето 24.08.2009:
Розмари Порт, 27 годишната студентка на Модниот институтот за технологија ќе го тужи Google со цел да добие 15 милиони долари затоа што компанијата ја нарушила нејзината анонимност. Порт вели дека е смешно тоа што манекенката Коен коментарите за неа на блогот Skanks in NYC ги пренела на медиумите, јавно, поканувајќи дополнителна љубопитност за нејзиното однесување по њујоршките клубови.

{mosimage}

"Целата приказна стана јавен спектакал и циркус, а за тоа јас не сум крива. Со тоа што отиде кај медиумите, Коен се зезна самата себе. Пред нејзината тужба, имаше можеби по два клика на мојот сајт: еден од мене и еден од неа. Тоа беше пред целиот овој спектакал. Чувствувам дека моето право за приватност е нарушено." – изјави за New York Daily News блогерката Розмари Порт.

Адвокатот на Порт изјави дека ова е нарушување на човечките права и дека е спремен случајот ако треба да го води и до уставниот суд на САД.

Од друга страна пак, манекенката Коен изјави дека не планира да поднесе лична тужба против блогерката, туку дека ја интересирало само кој стои зад текстот. "Не добивам ништо во мојот живот со тоа што ќе го повредам нејзиниот" – рече таа.

Целиот неспоразум сега останува помеѓу блогерката и Google, што несомнено ќе побуди голем интерест и кај другите автори во блогосферата, особено кај оние кои ја користат платформата на Google, Blogger.com.



Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии