Надградениот TweetDeck има менаџмент на листи, колона за активности и прикажува слики и видеа

TweetDeck, eден од најпопуларните декстоп клиенти за твитање, од неодамна во сопственост на Twitter, сега објави нова верзија во која претстави неколку интересно новини.

Додадена е опција за креирање, едитирање и бришење на Twitter листи директно во апликацијата. Сега има и нови две колумни за прикажување на активностите и интеракциите со другите корисници, што значи сега ги прикажува ретвитувањата, кој ве следи, кому му се допаднал ваш твит итн. Сменета е и опцијата Quote со Edit & RT за уредување на пораката пред да ја ретвитувате.

Новината што најмногу ќе ги израдува корисниците на овој клиент е што сега ќе може да се прегледуваат слики и видеа директно во апликацијата. Под секој твит ќе биде прикажано мало сликиче, кое се отвара во целосна галерија.

Windows и Chrome верзијата ќе се надгради автоматски, по рестартирање на клиентот, односно прелистувачот, додека верзијата за Mac може да се симне од Mac App Store.

[youtube]idEBs_9PGUM[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии