Малку хардвер и многу надградби на оперативните системи беа дел од WWDC 2017 на Apple. Компанијата претстави надградби на: tvOS, watchOS, macOS и iOS. Од хардверот најинтересен е новиот iMac Pro.
iOS 11
Надградбата на iOS е многу поголема од останатите оперативни системи. Можеби најголемата промена доаѓа на сервисот на Messages кој сега е сервис-во-облак. Ова ќе овозможи брза и едноставна синхронизација на пораките помеѓу сите уреди од Apple.
Дел од надградбата која сè уште не е интересна за корисниците тука е Apple Pay. Новите peer-to-peer трансакции овозможуваат едноставно префрлање на пари помеѓу пријатели преку Touch ID.
Надградена и Siri која сега овозможува преводи од повеќе јазици, а и јазикот кој го користи асистентот сега е поприроден.
За сопствениците на уреди со помалку слободен простор, добра вест е дека има нов покомпресиран видео формат. HEVC и HIVC ќе овозможат за сликите и видеата да биде потребно двапати помалку простор.
Најверојатно најзабележителните промени доаѓаат на „lock“-екранот. Нотификациите од овој екран подобро се префрлаат на во оперативниот систем, а со повлекување со прстот се презентираат сите нотификации. Додадена е „не вознемирувај“-функционалност која овозможува исклучување на нотификациите на пример кога корисникот влегува во возило.
Apple Maps сега доаѓа со можност за внатрешна навигација, иако барем засега оваа функционалност е достапна единствено за мал број на објекти.
Надградбата на iOS е достапна за развивачите, до крајот на нa мeсецот е најавена јавна бета, а официјално излегува на есен.
tvOS
Најголемата вест за tvOS е дека корисниците наскоро ќе можат да ја гледаат и програмата на Amazon. Наскоро Apple ќе ја претстави и новата Apple TV апликација.
watchOS
Apple претстави нова надградба на оперативниот систем за часовник watchOS 4. Новата верзија доаѓа по помалку од една година по watchOS 3. Ова можеби е разбирливо со оглед на тоа дека целата платформа е релативно млада. Сè е помалку подобро отколку во претходната верзија, а со попаметна верзија на Siri и самата платформа е поинтересна.
Со Siri е овозможено паметна промена на ликот на часовникот во зависност од периодот на денот. Фитнес функциoналностите на часовникот се подобрени, а подобрено е и поврзувањето со останатиот здравствен хардвер.
„Новата фитнес функционалност вклучува попаметна контрола на вежбата и размена на податоци со опремата ви салите за вежбање преку партнерства со производителите. Дополнително ќе може да го користите и часовникот како светло кое трепка во услови на намалена видливост, супер додаток за поголема безбедност“, вели Recode.
1 коментар на “Надградби на оперативните системи и малку хардвер на WWDC”