Надградба за iPad Mini и iPad Air

Дејан Соколоски

во Хардвер

Image courtesy of Apple

По подолго време Apple надградува две верзии на iPad таблетот. iPad Air и iPad mini ќе добијат надградба на хардверот.

Новиот iPad Air доаѓа со A12 процесор, што придонесува за 70% подобри перформанси и 50% подобри графички перформанси. Подобрите перформанси не доаѓаат со промена на дебелината, па и новиот iPad Air е ултра тенок. Дополнително и екранот на таблетот е 20% поголем од претходникот. Екранот на таблетот има половина милион пиксели повеќе, велат од Apple. Цената на таблетот е 500 долари.

Со оглед на тоа дека ова е прва надградба на iPad mini во 3 и пол години, веројатно надградбата на овој таблет е поголема. И „mini“ доаѓа со новиот A12 процесор, а зголемен е и капацитетот на 64 GB. За дополнителни 150 долари капацитетот е зголемен на 256GB. Добра вест е дека цената останува иста. Перформансите на уредот со новиот процесор се трипати подобри, а графичките перформанси се подобри 9 пати. Заменета е и предната камера со 7 MP, што е подобро од претходниот модел.

Двата таблети се во продажба во продавницата на Apple. Веројатно најчудниот дел со најавата на хардверот е тоа што Apple ги најави преку соопштение за медиумите наместо како вообичаено на настан. Следниот настан на Apple и не е толку далеку, компанијата има закажано презентација за 25 март.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии