Надгледувајте го здравјето на вашиот хард диск со Clear Disk Info

SMART или Self-Monitoring Analysis and Reporting Technology е нешто што го поседуваат сите модерни хард дискови. Замислено да им помага за надгледување и известување за сите можни проблеми, SMART е корисна технологија, но, за повеќето, неразбирлива и потешка за пристапување. Clear Disk Info ја зема оваа листа од бројки од вашиот хард диск и ја сервира на јасен начин. Притоа, се посветува посебно внимание да се истакнат сите оние податоци кои се вредни за вашето внимание.

Преносливата апликација Clear Disk Info можете да ја преземете од тука. По нејзиното вклучување ќе добиете увид во сите внатрешни и екстерни хард дискови од левата страна. За секој хард диск, инстатно добивате информации за тоа која е температурата, колку часови работел, и дали има некои проблеми. Детални информации наоѓате во Disk Information.

Плаво кругче означува податок од информативен карактер, жолт тријаголник алудира на нешто што е важно, а црвен тријаголник на нешто критично. Доколку кликнете на трите линии, кои се наоѓаат во десниот, горен агол, доаѓате до менито преку кое можете да ја освежите листата, да го надополните софтверот, да покренете chkdsk или defrag команди.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии