Надгледувајте го вашиот хард диск со CrystalDiskInfo

Вашите податоци се исклучително драгоцени. Нема поголема вистина од ова, особено во моменти кога дискот ќе почне да се однесува невообичаено, или целосно ќе откаже.

CrystalDiskInfo ги надгледува вашите драјвови од вашиот HDD, или SDD и прикажува податоци од SMART доменот, односно Self-Monitoring Analysis and Reporting Technology, или технологија за анализа од само-надгледување и известување. Ова е од особена важност затоа што лесно можете да добиете повратна информација за здравјето на дискот и дали треба благовремено да реагирате. Како одредени совети за благовремена реакција се препорачува заштита на вашите податоци со Paragon Backup & Recovery Free, или правење бекап на вашите податоци со EaseUS ToDo Backup Free. CrystalDiskInfo ја прикажува и моментната температура на драјвот, но и интересни детали како колку часови истиот бил активен. Паралелно со ова, не заборавајте ни да ги оптимизирате перформансите на вашиот компјутер со Revo Uninstaller и CCleaner.

Најновата, осма верзија на CrystalDiskInfo воведува поддршка за нови контролори и чипсети. Интересно е и тоа што доби официјална поддршка за ARM64.

Целосен увид врз вашите податоци, можете да добиете и со Ashampoo Disk-Space-Explorer 2018!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии