Надгледувајте го вашиот дом преку интернет

Поголемиот дел безбедносни камери доаѓаат со посебен софтвер кој ви дозволува во кое било време и од кое било место да видите што се случува во вашиот дом. Ова знае да биде исклучително корисно доколку сте надвор, а сакате да проверите каква е ситуацијата во внатрешноста на вашиот дом.

Но, што доколку имате камера која би можела да се искористи за безбедносно набљудување, но не и софтвер? Angelcam е едноставен сервис кој функционира со скоро сите камери ( со 90% од камерите, според компанијата зад Angelcam). Користејќи ги предностите на Angelcam можете кога сакате да проверите што се случува во вашиот дом преку прелистувач, паметен телефон или таблет. Таквата услуга е целосно бесплатна, а за 200 денари месечно можете и да снимате и да ги поставувате таквите содржини на облак. За оваа услуга имате на располагање 30 дена пробен период. Оние кои би сакале без огласи и во живо да ги емитуваат содржините од камерата, можат да го направат тоа со третиот столб од претплатата, кој чини 300 денари.

iSpy е уште една подеднакво добра и целосно бесплатна алтернатива. Се одликува со надгледување од неограничен број камери и микрофони, детектори на движење, снимање, поставување на облаци или одредени сервиси и многу повеќе. Многумина корисници се задоволни од мноштвото опции кои се корисни за надгледување на домот, канцелариски простори, работна сила, деца, миленичиња, машинерија, па дури и комшии. :)

1 коментар на “Надгледувајте го вашиот дом преку интернет

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии