Над третина од потрошувачите во Македонија користат паметни телефони при плаќање

IT.mk редакција

во ИТ.МК

Повеќе од една третина од корисниците во Македонија користат паметни телефони за плаќање онлајн, а над 61 процент се заинтересирани за оваа опција, покажува истражувањето на Visa.

Прифаќањето на онлајн плаќањето најмногу е предизвикано од пандемијата. Една четвртина од испитаниците од анкетата на Visa започнале да плаќаат со телефон во пандемијата. Повеќето од учесниците во истражувањето ги наведуваат практичноста (56 проценти), без ризик за губење на паричникот (47 проценти) и брзината (41 процент), како најголеми придобивки од плаќањата преку мобилен телефон.

Што се однесува до прашањето „што плаќаат граѓаните со мобилен?“ одговорот е ист како и за онлајн плаќањето. Сметките за режиски трошоци се на врвот на листата (67 проценти). Плаќање паркинг со паметен телефон е на второто место, со 61 процент од испитаниците. На трето место се плаќањата во продавници; кафулиња и ресторани (52 проценти); билети за театар, кино и јавен превоз веднаш зад нив (50 проценти). Следни на ред се нарачката на храна (49 проценти); како и туристичките аранжмани за патувања и мебелот (43 проценти). Една третина од испитаниците во истражувањето би користеле мобилно плаќање при купување на автомобил.

„Веруваме дека мобилните плаќања наскоро ќе станат дел од секојдневната рутина на сите во ЈИЕ регион, бидејќи нудат погодност, брзина и безбедност заради иновативните методи за проверка преку отпечатоци од прст и лична идентификација. За прифаќање на новите технолошки решенија е потребно време, но мобилните плаќања треба да се гледаат како нова форма што ќе овозможува технолошкиот развој слично како и безконтактните картички на почетокот кога беа воведени. Со оглед на запознаеноста и употребата на безконтактна технологија во сите земји од регионот, сметаме дека прифаќањето на мобилни плаќања може да дојде со уште поголема брзина“, изјави Владимир Ѓорѓевиќ, генерален менаџер на Visa за Југоисточна Европа.

Регионалното истражување на Visa „I Choose Digital“ за перцепција на мобилни плаќања се спроведува на 2.250 корисници на картички во Србија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Албанија во февруари и март 2021 година.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии