Над 750 игри за 300 денари за борбата за расна рамноправност и еднаквост

Продавницата за инди игри, Itch, го нуди на сите заинтересирани најголемиот пакет од игри што до сега имаме видено.

Над 750 игри можат да бидат ваши по цена од барем 275 денари (5 долари). Сите средства од игрите ќе бидат донирани на соодветни организации кои се борат за расна рамноправност и еднаквост, потег директно врзан со суровата полициска бруталност и убиство на Џорџ Флојд.

Кога би ги купувале сите игри индивидуално, би потрошиле над 3500 долари.

Моментно, над 200 000 индивидуалци донирале скоро 2.5 милиони денари, а ултимативната цел е пакетот да собере 5 милиони долари. 1 милион долари се собраа во првите 24 часа. Минимум донации е 5 долари, но, доколку сакате, можете да донирате значително повеќе.

Со оглед на тоа дека се работи за стотици и стотици инди игри, сметаме дека може да се најде за секого по нешто. Особено би сакале да ги истакнеме критички признаените игри како Night In The Woods, Minit, A Mortician’s Tale, A Short Hike, и, нашата омилена, Oxenfree.

Bundle for Racial Justice and Equality е достапeн до 15 јуни.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии